„Беше пијан“: Жени откриваат зошто одбиле понуда за брак од нивните (поранешни) дечковци

„Кога ме побара за жена, испаничив и му реков не. По неколку денови повторно ме побара и во брак сме веќе десет години“.

beshe-pijan-zheni-otkrivaat-zoshto-odbile-ponuda-za-brak-od-nivnite-poraneshni-dechkovci-01.jpg

Некои девојки едвај чекаат нивниот сакан да ги побара жена. Штом се среќни во врската и се сигурни дека сакаат целиот живот да го поминат со овој партнер, оваа желба е сосема нормална.

Но, од разни причини, некогаш запросувањето значи и крај на врската за некои жени.

Некои не се чувствуваат подготвени за брак, некои токму во тој момент сфаќаат дека се со погрешната личност, а некои, едноставно, сакаат прво да исполнат други животни цели пред да стапат во брак.

На Редит неколку жени споделуваат зошто ја одбиле понудата за брак од нивните (поранешни) дечковци:

„Уживав во врската со него, но тој знаеше дека не сакам да се венчам пред да завршам факултет. Исто така, гледав дека тој и татко му често не ја почитуваа мајка му и не планирав да се венчам со таков маж. Па, кога се појави со веренички прстен, му реков: Не, благодарам“.

„Реков не бидејќи имав едвај 19 години, а тој имаше 29 и многу финансиски проблеми. Ми беше сомнително“.

„Му реков не на мојот сегашен сопруг. Бевме во сериозна врска околу една година. Знаев дека некогаш, во иднината би се венчале. Сепак, поради некоја причина, немавме зборувано за тоа. Кога ме праша, бев многу изненадена. Испаничив и му реков не.

Откако се смирив ме праша дали уште сме пар и дали треба да го врати прстенот. Му објаснив дека сум само многу изненадена и дека го сакам. По некое време повторно ме побара за жена. Во брак сме веќе десет години“.

beshe-pijan-zheni-otkrivaat-zoshto-odbile-ponuda-za-brak-od-nivnite-poraneshni-dechkovci-02.jpg

„Реков не бидејќи сфатив дека воопшто не сум подготвена за брак и имав чувство дека тој не е вистинскиот“.

„Имав чувство дека тоа беше обид да ја спаси нашата врска откако ме изневери. Му реков да го чува прстенот за висинскиот момент, но тој момент никогаш не дојде. Му раскинав“.

„Знаев дека ме побара за жена поради стравот деке ќе ме изгуби. Бев одлична партнерка (не совршена), но само јас додавав вредност во врската. Тој сакаше да го зачува тоа, без да возврати“.

beshe-pijan-zheni-otkrivaat-zoshto-odbile-ponuda-za-brak-od-nivnite-poraneshni-dechkovci-03.jpg

„Кога јас сакав да се венчаме, тој не беше подготвен. Кoга му реков дека му раскинувам, ме побара за жена бидејќи беше очаен“.

„Двапати го одбив сегашниот сопруг. Го сакав (и уште го сакам), но не бев подготвена. Морам да го пофалам бидејќи беше многу упорен и ме праша двапати годишно.

Имаше некои работи што ги сакав, но уште ги немав. Штом го постигнав она што го сакав, се венчавме. Во брак сме 30 години“.

„Ми раскина и мислеше дека ако ме побара за жена шест недели подоцна, ќе ме освои. Не му дозволив ни да клекне на колено пред да го одбијам“.

beshe-pijan-zheni-otkrivaat-zoshto-odbile-ponuda-za-brak-od-nivnite-poraneshni-dechkovci-05.jpg

„Едниот маж што ме запроси ми беше пациент. Вториот ми беше дечко – волк преправен како овца. Само сакаше да ’собира‘ жени“.

„Бившиот дечко, со кого имам две деца – ги натера децата да ми испратат порака дека се сами дома (тогаш имаа 2 и 7 години). Натера негов колега да ми се јави и да ми каже дека дечкото имал нервен слом.

Возев цел час од работа до дома и кога стигнав дома, ме пречекаа ливчиња од рози и свеќи. Децата возбудено викаа ’мама и тато ќе се венчаат‘. Го одбив и сега има забрана да ми се приближи“.

„Беше пијан“.

beshe-pijan-zheni-otkrivaat-zoshto-odbile-ponuda-za-brak-od-nivnite-poraneshni-dechkovci-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg