10 интересни прашања со кои ќе се тестирате самите - дали го познавате доволно партнерот

Ако не ги знаете одговорите не значи дека по автоматизам вашата врска е мртва, туку значи дека е време малку повеќе да се заинтересирате за својот партнер и вистински да го запознаете. Тестирајте се...

10-neobichni-prashanja-so-koi-kje-se-testirate-samite-dali-go-poznavate-dovolno-partnerot-01.jpg

Кога станува збор за љубовта, малите работи се најзначајни. Лорен Консил е експерт за врски кој открива дека малите детали откриваат дали вашата врска е здрава.

Таа наведува 10 прашања со кои ќе се тестирате себеси дали добро го познавате партнерот.

10-neobichni-prashanja-so-koi-kje-se-testirate-samite-dali-go-poznavate-dovolno-partnerot-02.jpg

Ако на поголемиот дел од нив одговорите потврдно, тогаш добро го познавате и сте дел од една здрава врска.

Потврдните одговори значат дека обрнувате внимание на него, неговите желби, потреби и стравови. Токму тоа покажува колку мислите и се грижите за него.

Прашањата од експретот за врски:

- Дали знаете какви ги сака вашиот партнер јајцата за појадок, многу или малку пржени?

- Што за вашиот партнер претставува скапо, ако се зборува пример за чевли?

- Која му била работата од соништата кога бил дете?

- Ако пристигнете во кафуле пред партнерот, дали би знаеле кој пијалак да му го нарачате?

- Колку често за партнерот би било идеално да имате секс?

- Која е неговата карактеристика за која е најсамоуверен?

- Како ја става тоалетната хартија на држач, со делот за влечење горе или долу (до ѕидот)?

- Кој е најголемиот показател за тоа дека е исплашен и под стрес?

- Што му се допаѓа најмногу кај вас?

- Кој или што е најголемиот причинител на стрес во неговиот живот периодов?

10-neobichni-prashanja-so-koi-kje-se-testirate-samite-dali-go-poznavate-dovolno-partnerot-03.jpg

Се разбира, ако не ги знаете одговорите не значи дека по автоматизам вашата врска е мртва, туку значи дека е време малку повеќе да се заинтересирате за својот партнер и вистински да го запознаете.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

7 начини на кои несвесно се повредувате самите Дали се лажете себеси дека сте среќни и не си признавате дека нешто ви пречи? Со...
Колку плата земаш? Бремена ли си? - 6 прашања кои учтивите луѓе никогаш не ги поставуваат Луѓето не се чувствуваат пријатно кога некој им ги поставува овие прашања. Лу...
12 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Не поставувајте лични прашања и немојте да одите преку ред, дури и ако „само сак...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
Совети и бон-тон правила со кои ќе ги избегнете незгодите на плажа Не оставајте дупки на плажата ако вашите деца си играле и не разменувајте нежнос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg