Колку плата земаш? Бремена ли си? - 6 прашања кои учтивите луѓе никогаш не ги поставуваат

Луѓето не се чувствуваат пријатно кога некој им ги поставува овие прашања.

kolku-plata-zemas-bremena-li-si-6-prasanja-koi-uchtivite-lugje-nikogash-ne-gi-postavuvaat-01.jpg

Скоро на сите на нас ни се случило да добиеме прашање кое не е воопшто учтиво и допира до нашата приватност, за која не сакаме да зборуваме со луѓе кои не ги сметаме за блиски.

Неколку прашања кои културните луѓе не ги поставуваат:

Дали тој човек ти е татко?

Ако не знаете со сигурност во каква врска се луѓето со кои разговарате, подобро воопшто не ни погодувајте.

Паровите со голема разлика во годините не ги сакаат овие прашања, кои всушност суптилно го навредуваат нивниот избор.

kolku-plata-zemas-bremena-li-si-6-prasanja-koi-uchtivite-lugje-nikogash-ne-gi-postavuvaat-02.jpg

Колку долго сте заедно?

Паровите обично сакаат да зборуваат за нивната врска, но доколку станува збор за две личности кои штотуку започнуваат некаков однос, не им е пријатно да даваат објаснување за тоа.

Исто така може да станува збор само за склучување на ново пријателство, меѓу две лица кои одлучиле заедно да дојдат на забава.

Прашањата поврзани за склучување на брак може да бидат непријатни за парови кои имаат несогласувања на оваа тема. 

kolku-plata-zemas-bremena-li-si-6-prasanja-koi-uchtivite-lugje-nikogash-ne-gi-postavuvaat-05.jpg

Планирате ли деца?

Имате ли деца? Бремена ли си? Момче е или девојче?

Прашањата поврзани со потомството може да ги налути паровите кои сѐ уште немаат деца или имаат здравствен проблем кој влијае врз добивањето дете.

Доколку на шега зборувате за темата бременост со жени со вишок килограми, може да биде навредливо за нив.  

kolku-plata-zemas-bremena-li-si-6-prasanja-koi-uchtivite-lugje-nikogash-ne-gi-postavuvaat-06.jpg

Целиот живот ли ќе го/ја носиш?

Луѓето често си даваат за право да прашуваат прашања поврзани со туѓиот физички изглед.

Луѓето кои имаат тетоважи, пирсинг, суканици или некаква естетска корекција не сакаат да зборуваат на таа тема со непознати.

kolku-plata-zemas-bremena-li-si-6-prasanja-koi-uchtivite-lugje-nikogash-ne-gi-postavuvaat-07.jpg

Зошто ти е тоа потребно?

Хобијата се одлична тема за разговор, кои странците може да ги претворат во добри пријатели.

Меѓутоа постојат и низа прашања кои може да го посрамотат соговорникот.

На пример, прашањето „зошто чуваш 5 кучиња“ или „зошто имаш толку скапо хоби“ не е пријатно прашање.

Соговорникот може да помисли дека неговото хоби го сметате за глупаво.

kolku-plata-zemas-bremena-li-si-6-prasanja-koi-uchtivite-lugje-nikogash-ne-gi-postavuvaat-08.jpg

Прескапо ли е и колку заработуваш?

Никој од нас не сака да зборува за сумата која ја заработува.

Прашањата поврзани со финансиската состојба на соговорникот се исклучително непријатни и лични.

Исто така, доколку на соговорникот му поставите прашање за сумата пари која ја дал при пазарење може да звучи како да сакате да ја процените неговата финансиска состојба.

kolku-plata-zemas-bremena-li-si-6-prasanja-koi-uchtivite-lugje-nikogash-ne-gi-postavuvaat-03.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Freepik

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg