Вијагра, динамит и уште 6 работи што биле измислени сосема случајно

Знаевте ли дека вијаграта била направена како лек за проблеми со срцето? Дури во фазата на тестирање научниците забележале дека од овој лек има и еден „несакан“ ефект – поцврста и подолготрајна ерекција.

vijagra-dinamit-i-ushte-6-raboti-shto-bile-izmisleni-sosema-sluchajno-01.jpg

Некогаш научниците работат на некој проблем со цел да најдат решение. Но, некогаш несвесно наоѓаат решенија за големи проблеми работејќи на нешто сосема друго.

Неколку работи што ги користиме многу често, а се направени сосема случајно:

Шампањ

Популарното пенливо вино потекнува од француската покраина Шампањ и е изум на свештеници кои живееле таму.

Тие правеле вино, но го запирале процесот на ферментација во студените месеци. Кога повторно продолжувале со работа во пролет, во нивното вино имало вишок јаглероден диоксид, односно било пенливо.

Тие пробувале да го решат проблемот, но до крајот на 17-тиот век заклучиле дека ова ново, пенливо вино сепак им се допаѓа и продолжиле да го прават.

vijagra-dinamit-i-ushte-6-raboti-shto-bile-izmisleni-sosema-sluchajno-02.jpg

Динамит

Експлозивната супстанца нитроглицерин била измислена од Асканио Собреро, но Алфред Нобел бил првиот кој ја искористил за да направи динамит.

Додека бил во Париз, тој експериментирал со нитроглицеринот и сосема случајно нашол начин да го контролира, по што направил динамит.

За жал, во овој процес загинале многу луѓе, вклучувајќи го и братот на Алфред.

vijagra-dinamit-i-ushte-6-raboti-shto-bile-izmisleni-sosema-sluchajno-03.jpg

Сахарин

Сахаринот е таканаречен вештачки засладувач кој денес се користи како замена за шеќер. За разлика од шеќерот, сахаринот е многу поблаг, а речиси и да нема калории.

Но, овој засладувач не бил направен со цел да го замени шеќерот, туку бил измислен сосема случајно.

Во 1879 година, хемичарот Константин Фалберг забележал сладок вкус на неговата дланка, па се сетил дека тој ден работел со соединението кое денес ни е познато како сахарин.

До 1880 година, тој, заедно со уште еден хемичар, објавил труд за неговото открие, а до 1884 година го патентирал засладувачот.

Интересно е што сахаринот бил комерцијализиран многу брзо по откривањето, не бил многу популарен сè до Првата светска војна кога се јавил недостаток од шеќер.

Популарноста на сахаринот драстично се зголемила во 1960-тите и 1970-тите, кога почнале да го користат луѓе кои вежбаат и држат диети.

vijagra-dinamit-i-ushte-6-raboti-shto-bile-izmisleni-sosema-sluchajno-04.jpg

Пченкарни житарици

И житариците, кои се еден од најпопуларните продукти за појадок, биле измислени сосема случајно.

Постојат неколку верзии за тоа како настанале првите житарици кои биле продавани од компанијата Kellog.

Сепак, за многумина најуверлива е приказната во која Џон Келог, сопственикот на компанијата, заборавил тесто од пченкарно брашно.

Имено, во 1894 година, Џон правел тесто со пченкарно брашно, кога му излегла некоја итна обврска.

Дури следниот ден се вратил кај тестото и забележал дека се исушило и почнало да се рони.

Тој решил да проба да ги испече парчињата тесто, по што ги добил првите житарици.

vijagra-dinamit-i-ushte-6-raboti-shto-bile-izmisleni-sosema-sluchajno-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg