Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вреќички за чај и уште 3 работи кои се измислени сосема случајно

Знаете ли дека пластелинот првично се продавал како средство за чистење ѕидни тапети? Но, бидеќи не бил токсичен, го ребрендирале како маса за моделирање за деца.

mikrobranova-i-ushte-5-raboti-koi-se-izmisleni-sosema-sluchajno-01.jpg

Доста често, изумителите со години работат на некоја идеја со цел да создадат практичен изум.

Но, уште почесто, идеите ги добиваат сосема случајно, неретко и од природата, или, пак, добиваат потполно нов изум од чиста случајност.

Неколку изуми што ги користиме секојдневно, а се потполно случајни:

Вазелин

Вазелинот, кој го носи името на првата фирма што почнала да го продава, бил случајно откриен од хемичарот Роберт Агустус во 1860-тите.

Иако се верува дека Индијанците веќе користеле непреработен вазелин, во модерниот свет тој пристигнал благодарение на младиот хемичар.

Кога во САД почнале првите ископувања на нафта, инженерите забележале дека на нивната опрема се таложи материјал налик парафин која им го попречувала работењето.

Младиот хемичар добил задача да го проучи овој материјал и случајно открил дека со дестилација, може да создаде вид гел кој, пак, се покажал како одлично средство за рани и кожа, воопшто.

Набрзо потоа и го патентирал својот изум.

mikrobranova-i-ushte-5-raboti-koi-se-izmisleni-sosema-sluchajno-06.JPG

Велкро лепенки

Велкро лепенките се висински спас за родители со мали деца, но се навистина практични и за возрасни.

А, нивниот изумител – инженерот Џорџ де Местрал – ја добил идејата сосема случајно.

Во 1940-тите, тој бил на лов на планина во Швајцарија, кога почнал да се прашува како чичките на неговите панталони и крзното на неговото куче стојат закачени сами од себе.

Зел неколку чички и почнал да ги набљудувал под микроскоп и сфатил дека нивните боцки имаат минијатурни куки.

Па, почнал да експериментира и успеал да ги направи првите велкро лепенки.

mikrobranova-i-ushte-5-raboti-koi-se-izmisleni-sosema-sluchajno-07.JPG

Вреќички за чај

Многу луѓе и денес ја користат традиционалната техника за пиење чај, но факт е дека вреќичките се многу попрактични.

А, нивниот изум бил вид недоразбирање.

Американецот Томас Суливан бил трговец кој во 1904 година се подготвувал да испрати чај во Европа.

За да го заштити, решил да го стави во мали вреќички од свила.

Кога чајот пристигнал во Европа, оние што го купиле мислеле дека треба да се консумира со вреќички, па го потопиле во вода без да го извадат.

И, така ги измислиле вреќичките чај.

vrekjichki-za-chaj-i-ushte-3-raboti-koi-se-izmisleni-sosema-sluchajno06.JPG 

Пластелин

Пластелинот што денес децата го користат за играње првично бил продукт за чистење.

Имено, во 1930-тите, најпрво се продавал како средство за чистење ѕидни тапети.

Но, во 1950-тите, ѕидните тапети веќе не биле толку популарни, па компанијата што го правела пластелинот почнала да размислува како да го искористи продуктот кој бил клучен за нејзин опстанок.

Тогаш, пријателка на личност од менаџментот на компанијата дала предлог да почнат да го продаваат пластелинот како маса за моделирање за деца бидејќи не бил токсичен.

vrekjichki-za-chaj-i-ushte-3-raboti-koi-se-izmisleni-sosema-sluchajno05.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg