Вијагра, динамит и уште 6 работи што биле измислени сосема случајно

Тефлон

Тефлонот бил измислен во 1938 година, кога Рој Џеј Планкет работел со гасови кои се користат за разладување.

Тогаш сосема случајно направил материјал за кој сфатил дека е отпорен на многу хемикалии, но и на високи температури.

Материјалот што го открил почнал да се користи во многу индустрии, а откако бил патентиран во 1945 година го добил името тефлон.

vijagra-dinamit-i-ushte-6-raboti-shto-bile-izmisleni-sosema-sluchajno-06.jpg

Инсулин

Пред појавата на терапијата со инсулин, луѓето со дијабетес имале релативно краток живот.

Но, нештата почнале да се менуваат во 1889 година, кога двајца германски научници откриле дека кучињата развиваат симптоми на дијабетес ако им се отстрани панкреасот.

Од ова откритие сфатиле дека во панкреасот се произведува состојка која можеби е клучна за лекување на дијабетесот.

Во 1910 година, друг научник поставил теорија дека во организмот на луѓето со дијабетес фали само една состојка од панкреасот, која ја нарекол инсулин.

Во 1921 година, млад хирург и неговиот асистент пробале да извадат инсулин од панкреас на куче, а со извадениот инсулин третирале друго куче кое имало симптоми на дијабетес.

На почетокот колегите им се потсмевале, но хирургот и асистентот го одржале кучето со дијабетес во живот цели 70 дена. Кучето умрело од болеста дури кога престанале со третманот.

Веќе следната година бил излечен првиот пациент со инсулин од животинско потекло – 14-годишно момче од Торонто.

По бројни истражувања, во 1978 година бил направен првиот вештачки инсулин кој е многу поусовршен и има спасено милиони животи.

vijagra-dinamit-i-ushte-6-raboti-shto-bile-izmisleni-sosema-sluchajno-07.jpg

Вијагра

Денес вијаграта е најпознатиот лек за еректилна дисфункција, но на почетокот имал сосема друга намена. Имено, вијаграта била направена како лек за проблеми со срцето.

Во испитувањата пред да се појави на пазарот, лекот се покажал како ефикасен за ова, но испитаниците забележале и дека кога го пијат лекот, нивните ерекции се поцврсти и подолготрајни.

vijagra-dinamit-i-ushte-6-raboti-shto-bile-izmisleni-sosema-sluchajno-08.jpg

Ботокс

Во 1980-тите, офталмолог од Сан Франциско тестирал нов лек за искривени очи.

И го открил, но притоа открил дека третманот со овој лек го затегнува и го подмладува лицето.

Па, лекот бил наречен ботокс и почнал да се користи во третмани за разубавување.

vijagra-dinamit-i-ushte-6-raboti-shto-bile-izmisleni-sosema-sluchajno-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg