Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните родители?

Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини го убил сопругот на својата ќерка. Потомците на најголемите диктатори во светот имале различни судбини - на некои смртта брзо им затропала на врата, а некои од нив до крајот на животот докажувале дека не се исти како своите родители.

kakva-sudbina-imale-decata-na-najgolemite-diktatori-na-svetot-i-dali-gi-stignala-karmata-na-nivnite-roditeli-01.jpg

Кога едно дете ќе дојде на свет, не е ни свесно колкав товар може да носи на својот грб поради постапките на своите родители. 

Иако секој заслужува можност да го изгради својот живот како што сака, постојано ја слушаме изреката „Крушата под круша паѓа“.

Постојат примери кои ја потврдуваат оваа изрека, но има и такви кои ја негираат.

Хитлер, како еден од најголемите диктатори на сите времиња, официјално немал деца, како што е нагласено во историските извори. 

Многумина би рекле дека тоа е среќна околност, бидејќи не може ни да се замисли каква иднина би имале неговите наследници.

Потомците на останатите диктари и луѓе запаметени по зло имаа различни судбини, а ова се некои од нив: 

Јаков Џугашвили, син на Јосиф Сталин

Јаков Џугашвили бил првороден син на Сталин. Никогаш не се согласувал добро со својот татко. Кога имал 23 години се обидел да се самоубие, но преживеал. 

Единствениот коментар на Сталин во врска со својот син бил: „Тој не може ни директно да пука“.

kakva-sudbina-imale-decata-na-najgolemite-diktatori-na-svetot-i-dali-gi-stignala-karmata-na-nivnite-roditeli-03_copy.jpg

Кога започнала Втората светска војна, Јаков добил чин артилериски втор поручник и татко му му наредил „да оди да се бори“.

Неполн месец по заминувањето, тој бил заробен од нацистите и поинал скоро 2 години во германските кампови. 

Тие го искористиле фаќањето на Јаков за да шират антисоветска пропаганда. 

Неговата смрт остана мистерија.

Наводно, по поразот кај Сталинград, германската команда сакала да го замени синот на Сталин со фелдмаршалот Фридрих Паулус, кој бил заробен од Црвената армија. 

Според приказната, Сталин на ова одговорил: „Јас не менувам војник за фелдмаршал!“

Оваа верзија никогаш не била потврдена.

kakva-sudbina-imale-decata-na-najgolemite-diktatori-na-svetot-i-dali-gi-stignala-karmata-na-nivnite-roditeli-02.jpg

Во 1943 година, на 36-годишна возраст, Јаков починал во логор во Германија. 

Официјално било објавено дека тој починал во обид за бегство, но се верува дека се самоубил влетувајќи во ограда низ која поминувала струја. 

Нику Чаушеску, син на Николае Чаушеску

Брачниот пар Чаушеску, Николае и Елена, господарите на животот и смртта на милиони Романци, имале три деца - ќерката Зоја и синовите Валентин и Нику.

kakva-sudbina-imale-decata-na-najgolemite-diktatori-na-svetot-i-dali-gi-stignala-karmata-na-nivnite-roditeli-04.jpg

Валентин бил физичар, а Зои математичар и иако често биле поврзувани со скандали и финансиски малверзации, главно се држеле настрана од политиката и од погубното влијание на нивните родители. 

Најмладиот Нику бил сосема поинаква приказна.

Нику, како и неговиот постар брат, бил физичар, но и алкохоличар и насилник. Дивеел по улиците на Букурешт. 

Сите биле на мета на „блудниот“ син на претседателот - девојки, жени, ресторани, возачи, а според некои извори и познати сограѓани како спортистката Надја Команечи. 

kakva-sudbina-imale-decata-na-najgolemite-diktatori-na-svetot-i-dali-gi-stignala-karmata-na-nivnite-roditeli-05.jpg

По симнувањето на неговиот татко од власт, тој бил обвинет за голем број грабежи и силувања.

Нику имал големи проблеми со алкохолот, а починал во 1996 година во една виенска клиника.

Еда Мусолини, ќерка на Бенито Мусолини

Бенито Мусолини владеел со Италија од 1922 до 1943 година. 

Официјално, тој имал пет деца, иако за нив најмногу се грижела неговата сопруга Ракел. Велат дека бил најблизок со најстарата ќерка Еда. Таа важела за слободоумна девојка која не дозволувала татко ѝ да се меша во нејзиниот живот, особено не во изборот на партнер.

kakva-sudbina-imale-decata-na-najgolemite-diktatori-na-svetot-i-dali-gi-stignala-karmata-na-nivnite-roditeli-06.jpg

Мусолини темелно ги проверувал додворувачите на неговата ќерка, па токму затоа повеќе момци биле исплашени да започнат врска со неа.

Во 1930 година, Еда конечно се омажила за мажот според волјата на нејзиниот татко со Галеацо Ќано - дипломат и познат фашист на кој бракот со ќерката на Мусолини му го отворил патот за напредување во службата.

Во 1935 година станал министер за пропаганда и член на Големиот фашистички совет, а во 1936 година министер за надворешни работи.

Кон крајот на војната, Кано им се придружил на оние кои решиле да го симнат Мусолини од власт. По капитулацијата на Италија, тој се обидел да побегне од земјата, но бил заробен и вратен назад за да се соочи со гневот на неговиот дедо и бил осуден на смрт.

Еда со сите сили се борела за својот сопруг и го молеше татко ѝ да му прости, но Мусолини не сакал да чуе за тоа. 

Ќано бил застрелан, а Еда ги прекинала сите контакти со својот татко - нешто што Мусолини тешко го прифатил.

kakva-sudbina-imale-decata-na-najgolemite-diktatori-na-svetot-i-dali-gi-stignala-karmata-na-nivnite-roditeli-07.jpg

Еда избегала во Швајцарија маскирана во селанка и го поминала остатокот од животот обидувајќи се да докаже дека нема никаква врска со фашистичкиот режим. 

Таа се вратила во татковината дури откако италијанските партизани го заробиле и го убиле нејзиниот татко. 

Починала во 1995 година на 84-годишна возраст во Рим.

Сар Пачата, ќерката на Пол Пот

Пол Пот, суровиот диктатор кој владеел со Камбоџа како премиер на Демократска Кампучија во периодот помеѓу 1976 и 1979 година, бил одговорен за некои од најлошите масовни убиства во 20 век. 

Бруталниот режим на Црвените Кмери им донел смрт на речиси два милиони луѓе.

kakva-sudbina-imale-decata-na-najgolemite-diktatori-na-svetot-i-dali-gi-stignala-karmata-na-nivnite-roditeli-08.jpg

Пол Пот имал само една ќерка - Сар Пачата. 

Откако бил симнат од власт, Пол Пот се криел во џунгла повеќе од 15 години, живеејќи со сопругата и ќерката во беда и сиромаштија. 

Кога починал во 1998 година (иако некои извори велат дека извршил самоубиство), Сар имала 12 години.

Во едно интервју, таа и нејзината мајка го опишале Пот како грижлив сопруг и татко. 

kakva-sudbina-imale-decata-na-najgolemite-diktatori-na-svetot-i-dali-gi-stignala-karmata-na-nivnite-roditeli-10.jpg

Сар додала дека знаела за злоделата на нејзиниот татко, но смета дека тој не бил свесен за големото зло што го направил.

Колку што е познато, Сар живее тивок и затскриен живот далеку од очите на јавноста. 

Магистрирала англиска книжевност во Малезија и се омажила за симпатијата од факултет пред неколку години.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg