Изградена за „кралот на светлината“ - рефлектирачката смагардната џамија Шах Чераг е најубавата на светот
Во градот Шираз во провинцијата Фарс во Иран постои џамија во која се наоѓаат гробниците на двајцата браќа, Ахмед и Мухамед - синовите на Муса ал-Казим. Станува збор за мавзолејот Шах Чераг, што во превод значи „крал на светлината“ и е познат и како смагардната џамија - една од трите најважни места за аџилак во Иран.
Имено, браќата Ахмед и Мухамед, синови на Муса ал-Казим побегнале во Шираз откако династијата Абасид ги прогонувала шиитските муслимани во 10 век.
Легендата вели дека еден патник забележал силна светлина во далечината и се упатил кон неа. Кога пристигнал, забележал осветлен гроб и внатре во него тело во оклоп преку што се рефлектира самата светлина.
На раката на покојникот имало прстен на кој пишувало: „Гордоста му припаѓа на Бога - Ахмед, син на Муса“. Гробницата, која им припаѓала на Ахмед и Мухамед, набрзо станала место за аџилак на шиитските муслимани.
За време на владеењето на династијата Зенгиди во 12 век, над него била изградена гробница која останала таква во следните два века. Во 14 век, кралицата Таш Хатун ја иницирала реконструкцијата на зградата.
Таа значително го проширила, изградила богословско училиште и ги украсила ѕидовите со милиони мали парчиња огледала и обоено стакло.
Нејзината желба била внатрешноста на џамијата да го отсликува нејзиното име, така што и најмалиот зрак светлина што допира до внатрешноста повторно ќе се рефлектира од стаклената површина, создавајќи сјај како под ѕвездите.
Смагардната џамија, како што често ја нарекуваат поради доминантната зелена боја во внатрешноста, има две минариња и купола во западното крило.
Високите стреи се потпираат со дебели осумаголни столбови поврзани со зелениот мермерен ѕид, а влезот во џамијата го чува тешка, позлатена врата која верниците ја бакнуваат и галат додека влегуваат.
Централното место под куполата го зазема гробот на Ахмед, синот на Муса. Надгробната плоча е направена од сребро, над која со златни букви се испишани стихови од Куранот на сина позадина и е поврзана со ѕидот што главниот хол го дели на женски и машки дел.
Малку подалеку е гробот на братот на Ахмед - Мухамед, кој е ист како и на Ахмед, само малку помал.
Посетата на оваа величествена зграда е дозволена и на немуслиманското население, кое исто како и муслиманите мора да ги соблече чевлите, а жените се обврзани да носат чадор, кој може да се изнајми на влезот во џамијата.
Во продолжение повеќе фотографии од оваа маестрална џамија:
Мила М. | Црнобело