Низ фотографии: Колку се промени односот на кралот Чарлс и син му Хари од неговото детство до денес?
Во минатото кралот Чарлс не се двоумеше дали да го прегрне и бакне Хари, дури и во јавност, но денес е реткост и само да застанат еден до друг.
Откако Хари и Меган Маркл го напуштија кралското семејство и го „оцрнија“ во интервјуто со Опра, односот на принцот и неговиот татко стана мошне комплициран.
Тие се гледаат многу ретко, а според извори блиски до кралското семејство, Чарлс бил разочаран од Хари и неговите изјави за монархијата.
Сепак, се чини дека смртта на кралицата повторно ги зближи.
Колку се промени односот на принцот Хари и кралот Чарлс, низ фотографии:
Од многу стари фотографии е јасно дека кралот Чарлс не ја криел љубовта кон синот Хари – овде се фотографирани во 1985-та, кога Хари има едвај една година.
Сепак, нивното семејство не било секогаш среќно, најмногу поради односот на Чарлс и Дијана. Овде малиот Хари и неговите родители се фотографирани пред замокот Сандрингем во 1988 година.
-->
-->
Кралот Чарлс не се грижеше за кралски протоколи кога требаше да ги утеши неговите деца – овде го бакнува малиот Хари на поло натпревар во 1990 година.
-->
Чарлс одеше веднаш до Хари на погребот на мајка му Дијана во 1997 година. Тогаш Хари имаше 12, а Вилијам 15 години.
Хари отворено ја поддржуваше венчавката на татко му и Камила во 2005-та. Всушност, самиот има изјавено дека „таа не е злобна маќеа, и луѓето треба да ја сожалуваат поради лошата позиција во којашто се наоѓа“.
Од друга страна, Чарлс ја поддржуваше воената кариера на Хари. Овде му става воена значка во 2010 година.
Чарлс го поддржуваше и бракот со Меган. Всушност тој ја однесе до олтарот на денот на нивната венчавка во 2018 година.
Продолжува на следната страница...
-->
Би можело да ве интересира:

Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме
Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...

9 мажи кои може да ја добијат наградата „татко на годината“
„Татко ми помина околу еден час во кујната за да ме изненади со ‘специјално зајч...

Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот
Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...

Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници
Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув...
Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...

Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта
Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...