Врска со сестрата на Дијана, зел пари од семејството на Осама бин Ладен: Скандалите кои кралот Чарлс сака да ги заборавиме

Знаевте ли дека Чарлс имаше кратка врска со сестрата на Дијана пред да ја запознае неа? А, знаете ли дека прифатил околу 1,2 милиони долари од семејството на Осама бин Ладен?

vrska-so-sestrata-na-dijana-zel-pari-od-semejstvoto-na-osama-bin-laden-skandalite-koi-kralot-charls-saka-da-gi-zaboravime-01.jpg

Во текот на нејзиното владеење, кралицата Елизабета се соочи со безброј кралски скандали и некако успеваше да се справи со нив и да го одвлече вниманието на јавноста.

И нејзиниот наследник, сегашниот крал Чарлс, бил дел од неколку скандали, а Елизабета навистина умешно се справи со нив.

Сепак, сега кога тој е на тронот, јавноста повторно се потсетува на скандалите на кралот Чарлс кои можеби и не треба да се заборават.

Дел од нив во продолжение:

Беше во врска со сестра на Дијана

Во 1977 година, пред да ја запознае Дијана, Чарлс беше во врска со нејзината сестра Сара.

Нивната врска траеше околу седум месеци, а подоцна Сара тврдеше дека тие не биле вљубени еден во друг, како и дека била пресреќна што Чарлс ја одбрал Дијана.

vrska-so-sestrata-na-dijana-zel-pari-od-semejstvoto-na-osama-bin-laden-skandalite-koi-kralot-charls-saka-da-gi-zaboravime-02.jpg

Телефонскиот разговор кој ја откри неговата афера со Камила

Денес аферата на кралот Чарлс и Камила им е добро позната на сите, но своевремено беше можеби најголемиот скандал во кралското семејство.

Во периодот кога Чарлс беше во брак со Дијана имаше гласини дека тој ја изневерува, а телефонскиот разговор со Камила кој протече во јавноста ги потврди сомнежите.

Телефонскиот разговор беше споделен со јавноста во 1992 година, а наводно бил направен во 1989 година.

Во разговорот, Чарлс ѝ вели на Камила дека би сакал да се претвори во тампон за да може да живее во нејзината долна облека.

vrska-so-sestrata-na-dijana-zel-pari-od-semejstvoto-na-osama-bin-laden-skandalite-koi-kralot-charls-saka-da-gi-zaboravime-03.jpg

Разделбата со Дијана

Чарлс и Дијана беа разделени цели четири години пред конечно да се разведат.

Тие се разделија во 1992 година, а се разведоа во 1996-та.

Дијана била свесна за аферата на Чарлс и Камила, а иако беа разделени, тие сепак заедно извршуваа кралски должности.

Чарлс ја призна аферата дури во 1994 година и беше остро осудуван од јавноста.

vrska-so-sestrata-na-dijana-zel-pari-od-semejstvoto-na-osama-bin-laden-skandalite-koi-kralot-charls-saka-da-gi-zaboravime-04.jpg

Стапи во брак со разведена жена

До почетокот на 2000-тите, членовите на кралското семејство не смееја да стапуваат во брак.

Поради ова, чичкото на кралицата Елизабета се откажа од тронот, а сестрата на кралицата не смееше да се венча со нејзиниот избраник.

Но, Елизабета го промени правилото само за Чарлс, а за многумина ова не било фер за сестрата и чичкото на Елизабета, но и други членови на семејството кои морале да се откажат од идејата за брак со личноста што ја сакаат.

Камила се разведе од првиот сопруг во 1995 година, а се венча со Чарлс во 2005 година.

vrska-so-sestrata-na-dijana-zel-pari-od-semejstvoto-na-osama-bin-laden-skandalite-koi-kralot-charls-saka-da-gi-zaboravime-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg