15 (не)обични женски имиња инспирирани од хероините на светските литературни дела
Со радоста при исчекувањето на бебето, родителите почнуваат да планираат сè - од дизајнот на детската доба, до изборот на градинка, а многумина од нив стигнуваат и до местото каде нивното дете ќе оди на факултет.
Шегата на страна, една од важните одлуки што можете да ја донесете пред вашето дете да пристигне е неговото име.
Па, доколку убаво сте „прошетале“ низ Интернет страниците за совршено име за бебе, а сè уште се плашите дека вашето девојче ќе биде една од петте Марии во нејзиното одделение, зошто да не пробате име за бебе инспирирано од книжевните хероини?
Во продолжение за вас издвоивме 15 (не)обични женски имиња инспирирани од хероините на светските литературни дела:
Дора – „Златарево злато“, Август Шеноа
Ана – „Ана Каренина“, Лав Николаевич Толстој
Лаура – „Канцониерот“, Франческо Петрарка
Леона – „Господа Глембаеви“, Мирослав Крлежа
Хајди – „Хајди“, Јохана Спири
Лидија – „Гордост и предрасуди“, Џејн Остин
Мери – „Мери Попинс“, Панела Линдон Траверс
Наташа – „Војна и мир“, Лав Николаевич Толстој
Хера – „Илијада“, Хомер
Јулија – „Ромео и Јулија“, Вилијам Шекспир
Соња – „Злосторство и казна“, Фјодор Достоевски
Алиса – „Алиса во земјата на чудата“, Луис Керол
Нора – „Куклен дом“, Хенрик Ибсен
Матилда – „Матилда“, Роалд Дал
Лусијана – „Комедија на грешки“, Вилијам Шекспир
Мила М. | Црнобело