Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 трикови како да си направите совршено селфи, советува експерт за фотки

Погрешно vs. правилно: Често луѓето кога прават селфи ја креваат камерата многу високо или пак многу ниско, па или изгледаат чудно или како да имаат двојна брада. Во секој случај изгледа неприродно и најдобро е камерата да ја поставите во висина помеѓу носот и веѓите.

8-trikovi-kako-da-si-napravite-sovrsheno-selfi-sovetuva-ekspert-za-fotki-01.jpg

Кристин Бузан (32) од Калифорнија за себе вели дека е селфи експерт и создала свој бизнис наречен „Look Good In Photos“. Таа учи стотици девојки и жени како да изгледаат добро на фотографиите и да ги импресионираат своите следбеници.

Нејзините совети за совршени фотографии:

Внимавајте на осветлувањето - тоа е клучно

Осветлувањето има моќ инстантно да го промени начинот на кој изгледате пред камерата, може да го привлече вниманието кон вашите брчки и мали „несовршености“ и со тоа да ви даде уморен изглед и да ви додаде години или пак да ве прикаже во најдобро издание.

Избегнувајте правење селфи пред прозорец или среде ден на сончева светлина, изберете сенка или изгрејсонце и зајдисонце.

Изберете природен агол со камерата

Често луѓето кога прават селфи ја креваат камерата многу високо или пак многу ниско, па или изгледаат чудно или како да имаат двојна брада.

Во секој случај изгледа неприродно и најдобро е камерата да ја поставите помеѓу носот и веѓите.

Не зависете од телефонот, научете кои се најдобрите агли на вашето лице

Многу луѓе велат дека не си се допаѓаат кога наместо селфи, ги фотографираат други луѓе. Тоа е затоа што при позирањето се потпираат на тоа што гледаат на екранот на телефонот, наместо да научат како изгледаат најдобро и директно така да позираат.

Клучно е секој да си ја знае добрата страна од лицето и најдобрите агли.

Релаксирајте го лицето

Неприродно е да стоите пред камера, па лесно вашето лице добива тензичен израз. Клучните места каде се познава ова се рацете, вилицата и очите. Значи две од овие три работи се на вашето лице, па затоа важно е свесно да се релаксирате при правењето селфи фотки.

Размрдајте го лицето, опуштете го и правете паузи при позирањето.

Малку навалете го челото кон камерата

Можеби звучи чудно, но ако го навалите челото малку кон камерата, тоа визуелно ќе ви го продолжи вратот, ќе ви ја прикрие двојната брада и ќе ви помогне да изгледате поповрзани со камерата.

8-trikovi-kako-da-si-napravite-sovrsheno-selfi-sovetuva-ekspert-za-fotki.jpg

Не срамете се да се насмеете

Кажете си нешто смешно и насмејте се природно, така најубаво ќе испаднете на селфи фотографиите.

Смејте се и со очите, не само со устата

Ништо не ја уништува повеќе фотографијата од празно зјапање и безизразен лик, додека устата ви е обликувана во насмевка.

8-trikovi-kako-da-si-napravite-sovrsheno-selfi-sovetuva-ekspert-za-fotki-001.jpg

Вежбајте

Никој не се родил талентиран за позирање и ова е вештина која се учи и во која можете да се подобрувате.

Колку повеќе вежбате, толку подобро ќе испаѓате на фотографиите и толку повеќе ќе уживате.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
8 едноставни трикови што ќе ви го олеснат секојдневието Како да ги држите малите ножички, како да ги ставите слушалките за да не ви паѓа...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
Трикови што ги користат крадците и измамниците низ популарните европски дестинации Лажни питачи, улични изведувачи – измамниците и крадците низ европските градови ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg