Трикови што ги користат крадците и измамниците низ популарните европски дестинации

Лажни питачи, улични изведувачи – измамниците и крадците низ европските градови користат многу трикови за кои е добро да бидете свесни.

trikovi-shto-gi-koristat-kradcite-i-izmamnicite-niz-popularnite-evropski-destinacii01.jpg

Крадците низ популарните европски градови стануваат сè покреативни.

Дури и ако мислите дека вие не би паднале на нивните замки, не заборавајте дека е лесно да ви го одвлечат вниманието кога сте возбудени од патувањето.

Дел од триковите на измамниците што ги забележале туристите низ Европа:

Трик со белегзија

Во Париз, Рим и Барселона има измамници кои врзуваат белегзии на раката на туристите.

Некогаш бараат пари, а некогаш, додека им зборуваат и им кажуваат дека белегзијата е бесплатна, други пробуваат да украдат паричник и слично.

trikovi-shto-gi-koristat-kradcite-i-izmamnicite-niz-popularnite-evropski-destinacii-02.jpg

Продавачи на рози

Повторно во Париз, Рим и Барселона, има продавачи на рози кои не ограбуваат, но можат да настапат агресивно.

Обично им пристапуваат на парови и инсистираат момчето да купи роза, а ако не купи, почнуваат на глас да викаат дека е лош дечко.

trikovi-shto-gi-koristat-kradcite-i-izmamnicite-niz-popularnite-evropski-destinacii-03.jpg

Улични изведувачи

Во Париз и Лондон се забележани измамници меѓу толпите туристи кои застанале да гледаат некој уличен изведувач.

Обично тој покажува некои трикови и додека сите се фокусирани, крадците ограбуваат во толпата.

Не значи дека сите улични изведувачи се зад оваа шема, но на вакви места, со гужва, препорачливо е да бидете повнимателни.

trikovi-shto-gi-koristat-kradcite-i-izmamnicite-niz-popularnite-evropski-destinacii-04.jpg

Трик со паричник

Во Рим има крадци кои фрлаат паричник во близина на туристи.

Доста често, туристите може да помислат дека ним им паднал паричникот, па ќе го допрат местото каде што им стои за да проверат дали е таму.

А, со ова им покажуваат на крадците каде го чуваат.

trikovi-shto-gi-koristat-kradcite-i-izmamnicite-niz-popularnite-evropski-destinacii-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Фотографии што ќе ве замислат – Урбаниот пекол што си го изградивме сами Огромни сиви згради, валкани улици и ниту едно дрво – како изгледа урбаниот пеко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg