Имала мустаќи, мажите се убивале бидејќи ги одбивала и била симбол за убавина: Вистинската приказна за принцезата од Персија
Иако не е точно дека за „принцезата Каџар“ од Персија се убиле 13 мажи бидејќи ги одбила, тој период навистина постоеле принцези од династијата Каџар, кои со впечатливиот изглед и мустаќите биле симбол за убавина.
Можеби на социјалните мрежи сте налетале на две-три фотографии од извесна персиска принцеза со впечатлив изглед, за која наводно неколку мажи се самоубиле.
На фотографиите што неколку години кружат на социјалните мрежи се гледа жена која е далеку од денешните стандарди за убавина и која има многу густи веѓи и изразени мустаќи.
Описот на фотографиите речиси секогаш тврди дека жената е принцезата Каџар од Персија која била симбол за убавина во нејзиното кралство. Исто така, според популарната објава, дури 13 мажи си го одзеле животот откако ја побарале за жена, а таа ги одбила.
Една од бројните објави на социјалните мрежи: „Принцезата Каџар. Симбол на убавина во Персија. 13 млади мажи се убиле бидејќи ги одбила“.
Иако приказната звучи забавно, голем дел не е воопшто вистината. Но сепак, некои детали и не се така далеку од реалноста.
Разните фотографии што се споделуваат од принцезата Каџар, се всушност од две различни жени.
Двете жени се ќерки на Насер ал-Дин Шах Каџар од династијата Каџар која владеела со Персија. Па, не е ни чудно што изгледаат речиси идентично на фотографиите.
Името на едната е Фатима Канум и е родена во 1855 година, додека другата се вика Захра Канум и е родена во 1884 година.
Принцезата Фатима
Според историчарката Викторија Мартинез, иако голем дел од приказната е лага, принцезите, на некој начин, навистина биле симбол за убавина во тогашна Персија.
Таа цитира историчар од Харвард според кој „многу пишани извори, како и фотографии од 19-тиот век, потврдуваат дека жените од династијата Каџар имале мустаќи како знак на убавина“.
Принцезата Захра
Ова значи дека покрај принцезите, сите жени во палатата, вклучувајќи ги и другите ќерки на владетелот, имале мустаќи. Но, за двете принцези се зборува најмногу, само поради фотографиите со лажната приказна.
Принцезата Захра
Историчарите знаат дека едната од двете принцези најверојатно била омажена кога имала девет или десет години. Бракот речиси сигурно бил договорен, а ова е доказ дека девојката сигурно немала можност да одбие 13 мажи кои ја побарале нејзината рака.
Другата принцеза, пак, била како миленичка на татко ѝ, па тој ѝ дозволил да ги пречекува жените кои доаѓале на гости во палатата.
Принцезата Фатима (во средината) со нејзината ќерка и нејзината мајка
Спротивно на тогашните традиции кои им забранувале многу работи на жените, таа имала можност и да научи да свири клавир, па дури и да стане фотограф.
Всушност, таа била мошне силна жена, некаде опишувана како феминистка која ја поддржувала културолошката револуција во Персија.
Од принцезите има и многу фотографии. Всушност, тие се едни од најфотографираните жени од тој период. Наводно, причината за ова е љубовта кон фотографијата на нивниот татко, која едната од принцезите ја наследила.
Принцезата Фатима
Интересно е што иако биле симбол за убавина, принцезите не биле дефинирани на овој начин само според нивниот изглед, туку и според нивните добри дела.
Спирова С. | Црнобело