Работи што не треба да ги правите во ресторан за брза храна, според поранешни вработени

Редовно го користите тоалетот без да нарачате нешто, а кога нарачувате го задржувате целиот ред бидејќи не размислувате однапред што сакате да јадете.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-vo-restoran-za-brza-hrana-spored-poraneshni-vraboteni-01.jpg

Учтивоста и доброто однесување треба да постојат и во рестораните за брза храна. Но, секој што работел во ваков ресторан ќе ви каже дека неретко луѓето не покажуваат никаква почит и не размислуваат за влијанието на нивните постапки.

Поради ова, неколку поранешни вработени за Insider споделуваат што не треба да правите во рестораните за брза храна.

Дел од најдобрите совети во продолжение:

Не размислувате однапред што сакате да порачате и го задржувате целиот ред

Ако чекате ред, имате доволно време да го разгледате менито и да одлучите што ќе нарачате.

Според Родни Ерија, поранешен вработен во познат синџир на ресторани за брза храна, оние кои не размислуваат однапред го задржуваат целиот ред.

„Гостите кои не одлучуваат што сакаат пред да дојдат на ред можат многу да ги изнервираат касиерите. Всушност, тие не ги нервираат само касиерите, туку и луѓето кои чекаат зад нив“.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-vo-restoran-za-brza-hrana-spored-poraneshni-vraboteni-02.jpg

Неучтиво е да го користите тоалетот без да нарачате нешто

Вработените дефинитивно ќе забележат ако влезете во ресторанот само да го искористите тоалетот. А, според Бетани Фридман која работела во ресторан за брза храна, ова е неучтиво, особено ако го правите често.

„Нормално е некогаш да имате итна потреба, но не е во ред често да го користите само тоалетот без да купите нешто. Ова отвора и дополнителна работа за хигиеничарите“.

Бетани советува дека во ваквите ситуации доволно е да го купите најевтиното нешто на менито за да покажете малку почит.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-vo-restoran-za-brza-hrana-spored-poraneshni-vraboteni-03.jpg

Без потреба земате бесплатни сосови и прибор

Во некои ресторани за брза храна, ако купите оброк ви следуваат бесплатни пакетчиња кечап, сос и слично. Исто така, во сите ресторани можете да добиете бесплатни салфети, како и пластичен прибор.

Бетани истакнува дека не е во ред да земате повеќе отколку што ви треба за со оброкот, бидејќи е очигледно дека ги земате за да си ги однесете дома.

„Сосовите што се даваат гратис, приборот и сличните работи се за еден оброк. Многупати сум имала муштерии кои барале шест пакетчиња сос, а потоа си зеле и салфети, прибор, па дури и сол за да си однесат дома“.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-vo-restoran-za-brza-hrana-spored-poraneshni-vraboteni-04.jpg

Им дозволувате на малите деца да нарачуваат

Според Карли Линден која исто така работела во ресторан за брза храна, не би требало да им дозволувате на малите деца да нарачуваат наместо вас, особено ако се срамежливи.

„Разбирам дека сакате вашето дете да си го одбере и нарача јадењето, но ако е срамежливо или не може да одлучи што сака, не го задржувајте редот – само нарачајте за него“.

Карли вели дека е особено важно да се почитува ова правило во најголемиот метеж кога треба да се услужат многу муштерии.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-vo-restoran-za-brza-hrana-spored-poraneshni-vraboteni-05.jpg

Специјалните нарачки создаваат хаос во кујната

За вработените во рестораните за брза храна, можеби најлошо е кога некој прави комплицирана нарачка.

„Едно од нештата што најмногу ме нервираа беа гостите со чудни нарачки. Имајте на ум дека ние касиерите користиме посебен систем за наплата и неретко не можеме ни да ги внесеме вашите специјални нарачки.

Сосема во ред е да имате мали барања, како пијачка без мраз или хамбургер без марула. Но, ако барате месото да биде поживо или нешто слично, создавате главоболка за сите вработени“, вели Родни.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-vo-restoran-za-brza-hrana-spored-poraneshni-vraboteni-06.jpg

Неучтиви сте и нетрпеливи со вработените

Според Стив Стјуарт кој порано работел во ресторан за брз храна, неучтивоста на гостите е една од работите што најмногу ги мразел.

„Најлошото што можете да го направите е да бидете неучтиви и нетрпеливи кон вработените. Некои луѓе мислат дека тие се им слуги и можат да ги третираат како што сакаат – ова не е воопшто точно“.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-vo-restoran-za-brza-hrana-spored-poraneshni-vraboteni-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg