Стјуардеса од Југославија преживеала пад од 10.000 метри – авионот се скршил на 3 дела, сите други загинале

Веќе половина век, стјуардесата Весна Вуловиќ држи морничав рекорд – таа е личноста која го преживеала највисокиот пад без падобран, откако паднала од авион кој се движел на висина од 10.160 метри.

stjuardesa-od-jugoslavija-prezhiveala-pad-od-10-000-metri-avionot-se-skrshil-na-3-dela-site-drugi-zaginale-01.jpg

На 26-ти јануари 1972 година, Весна Вуловиќ била стјуардеса во авион на авиокомпанијата JAT Yugoslav Airways од поранешна Југославија.

stjuardesa-od-jugoslavija-prezhiveala-pad-od-10-000-metri-avionot-se-skrshil-na-3-dela-site-drugi-zaginale-07.jpg

Тој ден Весна била на авион кој летал од Стокхолм до Белград.

За овој лет биле планирани две застанувања – едно во Копенхаген и едно во Загреб. Тогаш 23-годишната Весна се качила на авионот во Копенхаген, но никогаш не стигнала до Загреб или Белград.

stjuardesa-od-jugoslavija-prezhiveala-pad-od-10-000-metri-avionot-se-skrshil-na-3-dela-site-drugi-zaginale-05.jpg

Околу 46 минути по полетувањето од Копенхаген, во авионот настанала експлозија во делот каде што бил сместен багажот.

Експлозијата била толку силна, што авионот буквално се скршил на три дела. Поради наглата промена на притисокот во кабината, експертите веруваат дека патниците „излетале“ од авионот и сите, вклучувајќи го и екипажот, загинале.

Но, не и Весна.

Кога настанала експлозијата, младата стјуардеса била притисната од количка за храна на крајот од патничката кабина, па ова ѝ помогнало да остане во авионот.

Делот во којшто се наоѓала Весна паднал врз густа шума во близина на село во Чехословачка. Бидејќи имало многу снег, но и авионот паднал под одреден агол, Весна некако преживеала.

stjuardesa-od-jugoslavija-prezhiveala-pad-od-10-000-metri-avionot-se-skrshil-na-3-dela-site-drugi-zaginale-03.jpg

Подоцна лекарите утврдиле дека Весна имала низок крвен притисок, па изгубила свест веднаш штом се променил притисокот во кабината. Ова, пак, го спасило нејзиното срце кое инаку најверојатно би било сериозно отштетно при падот.

Кога ѝ се вратила свеста, Весна сфатила дека е заробена во авионот и почнала да вика, а токму тогаш покрај срушениот авион поминал локален селанец. Тој веднаш ѝ пружил прва помош додека да стигнат медицинските лица.

stjuardesa-od-jugoslavija-prezhiveala-pad-od-10-000-metri-avionot-se-skrshil-na-3-dela-site-drugi-zaginale-02.jpg

Овој пад не останал без последици за Весна – таа имала сериозни повреди и поминала неколку денови во кома. Имала скршеници на черепот, двете нозе, пршлените, карлицата и ребрата, а била и привремено парализирана од половината надолу.

За среќа, Весна брзо закрепнала и можела да оди 10-тина месеци по несреќата. Сепак, поради повредата на ’рбетот, до крајот на животот кривела со едната нога.

stjuardesa-od-jugoslavija-prezhiveala-pad-od-10-000-metri-avionot-se-skrshil-na-3-dela-site-drugi-zaginale-04.jpg

Кога цела Југославија дознала за Весна, таа станала еден вид народен херој, па добила и почест од тогашниот претседател – Јосип Броз Тито.

Во 1985-та, пак, кога официјално го добила рекордот од Гинис, Пол Мекартни ѝ ги дал сертификатот и медалот. Ова бил посебен момент за Весна бидејќи целиот живот ги слушала Битлси.

stjuardesa-od-jugoslavija-prezhiveala-pad-od-10-000-metri-avionot-se-skrshil-na-3-dela-site-drugi-zaginale-06.jpg

Во 1972-ра, кога се случила несреќата, пејачот Мирослав Илиќ отпеал и песна за неа - „Vesna stjuardesa“.

По несреќата Весна открила дека не само што не се сеќавала на ништо за време на падот, туку и воопшто не требало да биде на тој лет.

Имено, авиокомпанијата ја помешала со стјуардеса која исто така се викала Весна, па додека да сфатат што се случило, авионот веќе полетал од Копенхаген.

stjuardesa-od-jugoslavija-prezhiveala-pad-od-10-000-metri-avionot-se-skrshil-na-3-dela-site-drugi-zaginale-09.jpg

Весна почина во декември 2016-та на 66-годишна возраст, но нејзината неверојатна приказна сигурно ќе се раскажува уште долго. 

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijac... Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе пос...
Исчезнати авиони, ни трага од патниците – Најголемите мистерии во воздухопловството На 8 март 2014 година, летот MH370 на Malaysia Airlines полета од Куала Лум...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg