12 трикови за да направите совршени селфи фотки (детално објаснети)
Трик: Ако само ги подигнете веѓите, ќе изгледате изненадено, тајната е во насмевката, дури и кога ќе ја тргнете – очите ви остануваат насмеани.
Во ера на социјални мрежи речиси секој сака да направи добро селфи. Но, дали успевате во тоа?
Доколку не, неколку трикови ќе ви послужат во тоа.
Трикови како да направите добри селфи фотки:
Внимавајте на осветлувањето
Најдобро е да користите природна светлина, затоа што блицот често додава години и креира непотребни сенки. Исто така кога сте во близина на прозорец, внимавајте светлината да биде пред вас, а не зад вас.
Кога сонцето е пресилно, најдобро е да се сликате во сенка, затоа што директните зраци на вашето лице создаваат сенки кои ви ги расипуваат пропорциите на лицето.
Добри фотки се прават и на облачни денови.
Ако се фотографирате навечер, најдобро е да се доближите до некој осветлен излог.
Најдобро време за позирање е на изгрејсонце и зајдисонце, светлината е најпријатна и ги прикрива несовршеностите на кожата.
Кога се фотографирате дома, избегнувајте осветлување одгоре. Ставете дополнително светло кое може да биде поставено пред вас.
Обидете се со позите што ги користат моделите
Шемата е едноставна – насмевнете се со цела уста, подигнете ги веѓите со насмевката, потоа задржете ги подигнати и тргнете ја насмевката.
Ако само ги подигнете веѓите, ќе изгледате изненадено, тајната е во насмевката, дури и кога ќе ја тргнете – очите ви остануваат насмеани.
Подотворете ја малку устата
За да ја ослободите тензијата и да го релаксирате лицето, како и да добиете посензуален изглед, малку подотворете ја устата. Дишете преку уста.
Бонус на позата е што усните ќе ви изгледаат пополни.
„Duck face“, односно позирањето со усни во форма на бакнеж, оставете го во минатото.
Внимавајте на аглите на усните
Аглите на усните надолу може да ви додадат и до 10 години на изгледот. Секогаш мора да ги држите малку подигнати и да не заборавате да се смеете и со очите.
И не гледајте во телефонскиот екран, туку директно во камерата.
Изберете ја вистинската позадина
Секоја шминка и стајлинг ќе изгледаат лошо ако правите селфи во соба преполна неред. Побарајте убави локации за селфи, без разлика дали тоа е на отворено или затворено.
Секогаш бирајте го вистинскиот агол за позадината да изгледа поинтересно.
Пронајдете ја вашата убава страна и вистинскиот агол
Вежбајте, правете селфи од сите страни и агли, гледајте се во огледало и откријте во која поза изгледате најрпивлечно.
Кога ќе го одберете вистинскиот агол вашите очи ќе изгледаат поголеми или усните, зависно како ќе ја поставите главата. Кога брадата е надолу очите се во фокусот, а кога е нагоре, тогаш до израз доаѓаат усните.