12 трикови за да направите совршени селфи фотки (детално објаснети)
Обрнете внимание на шминката и фризурата
Внимавајте карминот да не ви излегува на страна од усните, потоа фризурата да го истакнува најдоброто од вас итн.
Користете модни додатоци за да го комплетирате изгледот
Секоја здодевна фотографија, може да стане забавна со додавање на модни додатоци, како очила за сонце, стилска шапка, накит итн.
Пробајте го „изгледот на мачка“
За да постигнете ефект на затегнати очи, односно инстантен фејслифт, земете два прамени од страните и врзете ги под косата во цврсто опавче.
Краевите на очите и на веѓите инстантно ќе ви се поткренат.
Обидете се да бидете природни
Фотографиите треба да доловуваат расположение, а не одглумени емоции, па така ако сте среќни – смејте се, ако сте тажни – бидете сериозни.
За промена, фотографирајте се намерно несовршени. На луѓето им е здодеано од фотошопирани фотографии и сакаат природност и спонтаност.
Погледнете како славните дами сакаат да позираат без шминка и да го демонстрираат нивниот едноставен начин на живот.
Не заборавајте на рацете
Селфи фотките се позабавни кога рацете се во кадарот. Може да го допрете лицето, да се потпрете на една рака, па дури и да покриете дел од лицето со дланка.
Исто така, постојат дури и трендови како да се позира со раката на лице, а целта е покрај уникатна фотка, да се покаже и маникирот.
Не се сликајте од преблиску
Предната камера може да ви ги измени пропорциите на лицето, па треба да ги правите селфи фотките со телефонот со колку што можете подалеку од лицето.
С. С. | Црнобело