Во Саудиска Арабија ќе ве уапсат: На кои места во светот не смеете да правите селфи?
Сакате да се сликате со разјарените бикови кои трчаат низ улиците на Памплона? Можете да се обидете, но доколку ве фатат, ќе платите казна од 3.500 евра. На кои други места се забранети селфи фотките?
Во времето на Инстаграм, скоро и да е незамисливо еден ден да ви помине без селфи фотографија. Уште и ако сте на одмор или патување, ова ви се (најверојатно) омилените фотки.
Но, постојат места во светот каде што селфи фотографиите се строго забранети.
Некои места забраните ги воведоа поради безбедноста на туристите, втори затоа што не сакаат туристите да им го сквернават културното и историско наследство, а трети затоа што сметаат дека мобилните телефони го уништуваат квалитетот на животот и сакаат луѓето да се опуштат и да се одморат од современата технологија.
Каде не смеете да правите слефи фотки?
Познатите џамии во Саудиска Арабија
Саудиска Арабија е земја со строг ислам, шеријатски закон, конзервативни обичаи кои ги обликуваат правилата на облекување и однесување на улица.
Верската полиција, позната како Muttawa (или во превод „поттикнување на доблестите и спречување на пороците“) го спроведува шеријатскиот закон.
Според овој закон, полицијата може да го уапси секој маж или жена што не се придржуваат до локалните закони и обичаи, а еден од нив е забрана за фотографирање на две свети локации: Светата џамија во Мека и Џамијата на пророкот во Медина.
Плажа во Франција
Локалните власти им забранија на посетителите на плажата La Garoupe да прават селфи фотографии во текот на летната сезона.
Законот е воведен за да се спречи луѓето „да се фалат со својот одмор“ и наместо тоа да уживаат во секој момент поминат таму.
Оваа плажа се смета дека е меѓу најгламурозните и најнедопрени делови на природата во цела Франција.
Фоткање со „големи мачки“ во Њујорк
Без разлика дали сте во зоолошка градина, на карневал или во циркус, во Њујорк од 2014-та година е забрането да правите селфи со „голема мачка“.
Ова, всушност ја ограничува интеракцијата на луѓето со животни како лавови, тигри, леопарди и слично, а со цел да се спречи тие да бидат повредени или убиени.
Оваа забрана дојде откако инфлуенсерите почнаа тренд познат како Tiger Selfies, поради што понекогаш се доближувале премногу блиску до животните.
Казна за селфи на Фестивалот во Памплона е 3.500 евра
Трката со бикови во Памполона е најпознатиот настан на фестивалот Сан Фермин. Група луѓе трчаат пред разјарените бикови и секогаш постои опасност учесниците во трката да бидат повредени.
Но, за да не се ставаат во опасност и посетителите на фестивалот, организаторите забранија правење селфи фотографии.
Тој што ќе го прекрши ова правило може да биде уапсен или да плати казна од 3.500 евра.
Без селфи на железничките станици во Јапонија
Најголемите железнички станици во Јапонија забрануваат луѓето да прават селфи фотографии со стап.
Причината за ова е да не допрат некоја од жиците поставени на и околу пругите, а со тоа да се заштитат од можен струен удар.
А. Ј. | Црнобело