Инспирирани од измамникот од Тиндер, луѓе споделуваат хорор-приказни од апликации за состанување

„Требаше да одиме на вечера – ми рече да го следам до еден контејнер и дека вечерата била послужена, па почна да јаде од пластичен сад со тестенини што го извади од контејнерот“.

inspirirani-od-the-tinder-swindler-lugje-spodeluvaat-horor-prikazni-od-aplikacii-za-sostanuvanje-01.jpg

Документарецот The Tinder Swindler само потврди дека онлајн состанувањето доаѓа со многу ризици.

Додека некои луѓе навистина сретнале одлични партнери преку апликациите за состанување, многумина се соочиле со бизарни и морничави ситуации.

Инспирирани од документарецот, неколку луѓеза BuzzFeed ги споделиле нивните хорор-приказни од апликациите за состанување:

„Се гледав со малку постар маж. Го шетавме неговото куче и водевме забавни разговори. Беше навистина убава вечер, сè додека не покажа кон една жена и рече ’Гледај, ене ја мојата сопруга‘.

Таа дојде до нас и рече: ’Здраво, мило ми е што те запознав. Слушнав многу за тебе‘. Бев толку шокирана, што дури отидов на вечера со нив двајцата и седев додека да се освестам што се случува, па си заминав“.

„Преку апликација се запознав со момче. Се сретнавме во живо и беше совршено. Една недела подоцна, одеднаш ми рече да се преселиме во Флорида. Кога го одбив рече дека нема да оди и тој. Потоа ми се јави пијан и ми рече дека сум предобра за него и заслужувам подобро.

Почнав да го прашувам да ми каже зошто го мисли тоа и по некое време конечно призна дека продавал хероин и немал како да се извлече од тоа. Бев шокирана. Оттогаш прекинав секаков контакт со него“.

„Моја пријателка беше на состанок со момче што го запозна преку апликација. Ми рече дека состанокот почнал добро, но тој одеднаш почнал да зборува за неговата бивша. Зборувал колку била ужасна и плачел бидејќи му недостасувала.

Кога пријателката го прашала колку време биле заедно, тој ѝ рекол три недели. Потоа престанал да плаче и ѝ рекол на пријателката да спие со него за да му покаже сочувство“.

inspirirani-od-the-tinder-swindler-lugje-spodeluvaat-horor-prikazni-od-aplikacii-za-sostanuvanje-02.jpg

„Отидов на состанок со момче од Тиндер. Требаше да одиме во убав италијански ресторан, но тој се појави во тренерки и маица. Кога стигнавме до ресторанот, ми рече ’Дојди ваму‘. Бев зачудена, но почнав да го следам. Потоа покажа кон контејнер и ми рече дека вечерата била послужена.

За да биде уште полошо, од контејнерот извади пластичен сад со тестенини и почна да јаде. Веднаш истрчав во ресторанот, им кажав за момчето и ги замолив да ми викнат такси“.

„Се сретнавме во бар и момчето веднаш ми кажа дека тој ден имал закажано уште неколку состаноци со други девојки. Потоа почна да ми кажува дека можел да комуницира со делфини со посебен јазик и ме искара бидејќи не сум медитирала. Не треба да ви кажам дека веднаш си платив за пијачката и излегов од таму“.

„Почнав да се допишувам со едно момче и се договоривме да се видиме. Откако ми рече да му пратам слика без шминка и некои дури чудни работи, престанав да му враќам.

Постојано ми пишуваше и по неколку денови ги нашол сите мои профили на социјалните мрежи и таму ми праќаше пораки со навреди и закани. Го блокирав и бев навистина исплашена“.

inspirirani-od-the-tinder-swindler-lugje-spodeluvaat-horor-prikazni-od-aplikacii-za-sostanuvanje-03.jpg

„По еден месец допишување на Тиндер, се договорив да се видам со едно момче. Отидов во ресторанот и кога го видов се запрепастив. На неговиот профил пишуваше дека се вика Стивен и имаше фотографии од Афроамериканец.

Момчето што дојде беше бело, односно потполно друга личност. Потоа ми кажа дека навистина се викал Стивен, но користел фотографии од неговиот цимер. Веднаш си заминав“.

„Излегов со момче што го запознав преку апликација. Првиот состанок помина добро, а по вториот ми рече да одиме кај него. Јас му кажав да не очекува секс.

Кога отидовме кај него, тој веднаш се соблече. Се исплашив и му реков дека ќе си одам. Тој почна да ми вика и да ме навредува. Извесен период ми беше страв да одам на состаноци поради ова“.

„Почнав да се допишувам со момче кое на почетокот изгледаше во ред. Но, речиси веднаш ми кажа дека можел да погоди кој број на градник носи некоја жена само ако погледне фотографија од неа. Потоа ми кажа кој број сум носела јас. Веднаш го блокирав“.

„Излегов со момче кое изгледаше во ред. Бидејќи пушам цигари, цел состанок ме критикуваше за тоа. На крај, влеговме во неговиот автомобил и тој извади дрога. Веднаш излегов, си заминав дома и го блокирав“.

Прочитајте повеќе: Лажел девојки дека е милијардер и ги ограбувал, а бил само пет месеци во затвор – Каде е денес и што прави измамникот од Тиндер?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg