Зошто луѓето немаат целосно црни очи и дали бојата влијае врз видот?

Иако бојата на очите може да се промени од раѓањето, па во текот на растењето, сепак ниту еден човек на земјата не може да развие комплетно црни очи. Зошто?

zosto-lugjeto-nemaat-celosno-crni-oci-001.jpg

Има повеќе причини зошто црните очи никогаш не можеме да ги видиме во реалноста:

Гените не дозволуваат

Има околу 16 различни гени кои се одговорни за тоа каква боја на очи ќе имаме, од кои само два се доминантни.

Сепак, во „палетата“ на бои за кои најдоговорен е меланинот, најтемната можна нијанса е темно кафеавата. Ирисот никогаш не може да биде црн, независно како ќе се склопат и спојат гените.

zoshto-lugjeto-nemaat-celosno-crni-ochi-i-dali-bojata-vlijae-vrz-vidot03.jpg

Влијанието на бојата врз очите и видот

Како што напоменавме, пигментот меланин им ја дава бојата на нашите очи. Кафените очи имаа повеќе меланин, за разлика од сините или зелените. Некои истражувања покажале дека бојата на очите можеби има влијание врз нивната чувствителност, како и минимално влијание врз видот.

Бидејќи меланинот на некој начин го штити окото од сончевите зраци, луѓето со светли очи, односно со помалку меланин, можно е да бидат почувствителни на светлина.

Кога станува збор за видот, разликите помеѓу луѓето со темни и луѓето со светли очи се суптилни, речиси непостоечки. Иако нема цврсти докази кои покажуваат дека луѓето со темни очи имаат подобар вид, постои теорија според која темните очи реагираат побрзо.

Прочитајте повеќе: Зошто повеќето бебиња се раѓаат со сини очи и зошто подоцна им се менува бојата?

Истражување спроведено на University of Louisville покажало дека луѓето со темни очи подобро ги извршуваат задачите каде што е потребна брза реакција, како удирање топка кога некој ќе им ја фрли. Од друга страна, се покажало дека испитаниците со светли очи подобро ги извршуваат задачите каде што не треба брзо реагирање, како удирање топче за голф или куглање.

Но, друго истражување во кое учествувале 59 рагби играчи, на некој начин, ги побива резултатите од претходното. Наводно, играчите со темни очи не реагирале многу побрзо за разлика од играчите со светли очи.

Експертите сметаат дека потребни се дополнителни истражувања за да се потврди мислењето дека бојата на очите влијае врз видот, бидејќи резултатите од досегашните истражувања не го докажуваат тоа.

zoshto-lugjeto-nemaat-celosno-crni-ochi-i-dali-bojata-vlijae-vrz-vidot-02.jpg

Што ако имавме црни очи?

Веќе спомнавме дека е невозможно една личност да се роди со црни очи, бидејќи во човечката ДНК не постои таков ген. Некои луѓе имаат многу темно кафеави очи кои оддалеку можат да ни изгледаат црни, но и во овој случај не станува збор за очи со црна шареница, односно ирис.

Ако нашите очи имаа само зеници, можеби би биле црни, но со ова би се појавиле многу проблеми.

Сигурно сте забележале дека вашите зеници се зголемуваат кога сте во темна, а се стеснуваат кога сте во светла просторија. На овој начин, зеницата регулира колку светлина ќе влезе во окото.

Кога сме на темно место, во окото треба да влезе повеќе светлина, па зеницата се проширува. Кога е светло важи спротивното – во окото треба да влезе помалку светлина и зеницата се стеснува.

За окото да биде црно, зеницата би требало постојано да биде отворена, дури и кога е многу светло, а на овој начин окото нема да биде заштитено од светлината и може да се оштети.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg