Девојката со ангелски глас: Александра Пилева ги испеа најголемите хитови, а потоа „исчезна“ – како изгледа денес?

Александра Пилева, девојката со моќен, ангелски глас по потекло од Неготино, во 2013 година ја напушти Македонија и со своето семејство се пресели во САД. Таа е мајка на Лука, а нејзиниот сопруг е поранешниот тренер на женската одбојкарска репрезентација, Зоран Чадиев.

Kako-izgleda-Aleksandra-Pileva-denes-01.jpg

Македонската јавност за првпат ја запозна Александра во 1998 година на Макфест со песната „Ти си тој“.

Со полни 22 години таа беше „најстарата“ финалистка на манифестацијата Плеј – потрага по ѕвезди. На големото финале ја изведе песната „Ангел мој“, којашто беше наградена со една од двете специјални награди.

Во 2004 на Макфест таа настапи со песната „Нема Утеха“ и ги доби наградите Гран При, прво место од публиката и награда за најдобар глас од акредитираните новинари.

Во 2005 година, Пилева беше избрана како една од шесте кандидати за претставници на Македонија на Евровизија 2005.

Откако го поминала полуфиналето, во финалето се натпреваруваше против Мартин Вучиќ, и изведе четири композиции, од кои песната „Сонце и месечина“.

Таа победи со телефонските гласови, но, Мартин Вучиќ освои повеќе бодови од жирито и публиката со што беше избран за претставник на Евровизија. После ова, таа го издаде својот албум Сонце и месечина.

Од истиот избор е и песната „Не“, која исто така стана огромен хит, а Калиопи ја напиша специјално за неа.

Песната „Сребрени војници“ беше првата македонска песна пуштена на каналот Ем-ти-ви Адриа која воедно се најде на листата на ТОП 20 хитови.

Како изгледа денес 40-годишната Пилева? Според фотките прилично среќно и сè уште музички инспирирана:

(О)Милена | Црнобело / Фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Освежете си го знаењето пред одмор: Грк на Инстаграм споделува едноставни грчки фрази Од имињата на деновите на неделата, до начини како да викнете такси во Грција, п...
„Маж плати за да не ѝ кажеме на сопругата дека ја изневерува“ – Келнери сведочат за најчудните роман... Маж што им плаќа на келнерите за да не го издадат дека бил со проститутка, момче...
8 запросувања, Адел прекина концерт за да гледа трка: Интересни факти за ЛОИ во Париз (a немаат врск... Иако на прва ќе си помислите дека Новак Ѓоковиќ, Симон Бајлс (поради бројот...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg