Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота?

Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала 6 часа на -20˚C. Но, за некое чудо преживеала, и тоа без никакви последици.

pominala-6-chasa-na-20-c-i-zamrznala-no-bila-spasena-kako-prezhiveala-dzhin-hilijard-od-minesota-01.jpg

Во 1980-та, тогаш 19-годишната Џин Хилијард од Минесота поминала шест часа на температура од -20 степени Целзиусови.

Иако била практично замрзната кога ја пронашле, на крај сепак преживеала, и тоа без сериозни последици, како смрзнатини.

Неколку детали за чудниот случај на Џин:

На 20-ти декември 1980 година, Џин Хилијард од гратче во Минесота била излезена со неколку пријатели.

Вечерта се враќала дома со автомобилот на татко ѝ.

Но, бидејќи имало многу мраз, таа изгубила контрола врз возилото и излетала од патот.

За среќа, поминала без повреди.

pominala-6-chasa-na-20-c-i-zamrznala-no-bila-spasena-kako-prezhiveala-dzhin-hilijard-od-minesota-0.JPGАвтомобилот што го возела Џин

Температурата таа вечер била 20 степени под нулата, а можеби и пониска, па Џин решила дека е најдобро да тргне пеш до куќата на пријател кој живеел во близина.

Сепак, погрешно проценила колку е оддалечена куќата на пријателот, а на себе не носела најсоодветна облека.

„Ќе поминев едно ритче, мислејќи дека сум стигнала, за да сфатам дека имам уште пат.

Реално, повеќе бев фрустрирана отколку исплашена“, има изјавено Џин во интервју.

Таа поминала нешто повеќе од три километри пеш, кога ја здогледала куќата на пријателот.

pominala-6-chasa-na-20-c-i-zamrznala-no-bila-spasena-kako-prezhiveala-dzhin-hilijard-od-minesota-02.JPGЏин со родителите во болница

Но, како што се доближила, изгубила свест и, вели, не се сеќава на ништо друго од таа вечер.

Пријателот на Џин – Воли Нелсон – ноќта бил дома со тогашна девојка.

Следното утро, околу шест часа откако Џин изгубила свест, тој излегол во дворот и ја здогледал, потполно замрзната.

„Бев навистина изненаден кога ја видов во дворот. Ја извлеков до влезната врата и мислев дека е мртва.

Беше смрзната, како коцка мраз. Но, забележав дека од носот ѝ излегуваат меурчиња, како да дише многу бавно“, има изјавено Воли во поново интервју.

pominala-6-chasa-na-20-c-i-zamrznala-no-bila-spasena-kako-prezhiveala-dzhin-hilijard-od-minesota-03.JPGПонова фотка од пријателот што ја спасил Џин

Воли Нелсон веднаш ја повикал и неговата девојка, па заедно ја однеле Џил во болница во близина.

Очекувано, кога лекарите ја здогледале Џин, не верувале дека ќе можат да ја спасат.

Таа била толку замрзната, што не можеле ни да ѝ ја прободат кожата со игла.

Сепак, решиле да не се откажуваат, бидејќи едниот од лекарите ѝ го забележал дишењето, па почнале да ѝ го загреваат телото со електрични ќебиња.

pominala-6-chasa-na-20-c-i-zamrznala-no-bila-spasena-kako-prezhiveala-dzhin-hilijard-od-minesota-04.JPGЏин Хилијард

На големо изненадување на сите, неколку часа подоцна, Џин почнала да се буди.

Имала грчеви во мускулите, но наместо за себе, позагрижена била за автомобилот на татко ѝ.

Во изјава за американските медиуми, професор по медицина од Универзитетот во Минесота вели дека иако случајот на Џин е чуден, не е невозможен.

Всушност, самиот вели дека имале неколку случаи на екстремна хипотермија во Минесота каде што зимите можат да бидат многу студени.

Тој вели дека преживувањето е возможно бидејќи како што се намалува температурата на телото, забавува дотокот на крв и сите функции во организмот.

Па, човекот е во еден вид на хибернација.

Затоа и има можност да бидат спасени, секако, ако се реагира навреме.

„Сме имале пациенти на кои сте можеле да тропнете, како на дрво. Но, сме успевале да ги спасиме“.

pominala-6-chasa-na-20-c-i-zamrznala-no-bila-spasena-kako-prezhiveala-dzhin-hilijard-od-minesota-08.JPGЏин Хилијард

Сепак, тој истакнува дека иако денес технологијата е понапредна, во случајот на Џин, на располагање имале само електрични ќебиња.

Додека ја чекале Џин да се разбуди, лекарите дури помислиле да ѝ ги ампутираат нозете бидејќи биле сигурни дека се целосно смрзнати и ќе предизвикаат инфекција.

Но, на крај, ја испратиле Џин дома „како нова“ - единствено имала мали ранички на прстите на нозете и чувствувала трнење на стапалата краток период.

Случајот на Џин брзо се прославил во локалните медиуми.

„Бев во емисијата Today. Ме интервјуираа познати новинари.

Со мене ја носев и мајка ми и тие патувања беа забавни“, се присетува Џин.

pominala-6-chasa-na-20-c-i-zamrznala-no-bila-spasena-kako-prezhiveala-dzhin-hilijard-od-minesota-07.JPGПриказната на Џин објавена во локален весник

Сепак, вели дека кога еуфоријата за нејзиното преживување спласнала, животот не ѝ се променил премногу.

Бидејќи сите велеле дека била спасена од чудо, и самата чекала да се случи уште некој голем пресврт во нејзиниот живот.

Но, истакнува дека имала просечен живот – стапила во брак, имала деца, се развела, а моментално работи како касиерка.

Кога станува збор за ноќта кога ја „спасило чудо“, вели дека не помни ништо:

„Како да заспав и се разбудив во болница. Не видов светло на крајот од тунелот или нешто слично.

Малку е разочарувачки. Многу луѓе зборуваат за случајот, а јас не помнам ништо“.

Сепак, Џин вели дека научила една лекција од целото искуство – секогаш да носи соодветна облека и да избегнува да вози кога има многу снег и мраз.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg