Вампирски пар, 180-члено семејство - Неверојатни и бизарни приказни за кои е тешко да се поверува дека се реални
Семејството е најважната работа на светот, без која животот навистина би ја изгубил целосната смисла.
Сите ние барем на моменти мислиме дека нашите семејства се „чудо на векот“ и дека тоа што го има кај нас – го нема никаде, но како што растеме и созреваме, сфаќаме дека и ние сме повеќе или помалку „нормални“ како и останатите.
Сепак, ширум оваа Земјина планета постојат семејства кои со својата неверојатна приказна, ќе направат вашето навидум „несекојдневно“ семејство да изгледа како најконвенционалното на целиот свет.
Некои од нив се премногу големи за да се наречат семејства, додека пак останатите прават работи за кои ние „обичните“ луѓе, не би ни сонувале.
Во продолжение за вас ги издвојуваме 8-те најневеројатни семејства во светот и нивните необични приказни:
Семејството Дугар (1 пар, 19 деца)
Џим Боб и Мишел Дугар се родители на 9 девојчиња и 10 момчиња, односно тие имаат вкупно 19 деца. Ова многубројно семејство има свое реално шоу наречено 19 kids and counting.
Причината зошто Џим и Мишел имаат толку многу деца е едноставна, тие одбиваат да земаат каква било контрацепција поради нивната религиска предодреденост.
Тие се побожни Баптисти кои често разговараат за вредностите на чистотата, скромноста и вербата во Бога.
Семејството Чана (1 маж, 39 жени)
Ако семејството Дугар значи големо семејство, тогаш што е со мажот по име Зиона Чана, кој се оженил со 39 жени, станал татко на 94 деца, има 14 снаи и 34 внуци, со што семејството достигнало вкупно 180 членови.
Извонредниот Зиона го држи Гинисовиот рекорд како глава на најголемото постоечко семејство во светот.
Семејството Маршал (идентичното семејство)
Запознајте ги мајката и ќерките кои изгледаат речиси идентично, особено во обемот на нивните гради.
Имено, сите овие дами имаат многу големи гради и секоја од нив заминала „под нож“, освен една од ќерките по име Бритни Маршал. Таа е единствената во нејзиното семејство која допрва треба да се оперира за да изгледа како останатите сестри.
Без сомнение, едно од најневеројатните семејства во светот.
Семејството Менсон (семејство на психопати)
Чарлс Менсон е веројатно најозлогласениот и најпопуларниот сериски убиец во историјата.
Станува збор за музичар претворен во криминалец, познат по својата грозоморна серија на убиства од 1969 до 1971 година.
Но, всушност зад овие пакости не се крие единствено Чарлс, туку целото Менсон семејство како група на криминалци кои извршиле многу злосторства.
Лиа и Аро (вампирски пар)
Запознајте ги Лиа Бенингхоф и Аро Дрејвен, две љубовни птички кои еднаш неделно меѓусебно си ја пијат крвта. Тие веруваат дека крвта е она што ќе ги одржува во живот, засекогаш.
Заедно објавиле видео на Интернет во кое и двајцата се сечат и ја си ја разменуваат крвта. Овој одвратен ритуал посекако го промовира овој пар како едно од најчудните семејства во светот.
Не се обидувајте да бидете како нив.
Тереза Нор и нејзините деца (психо-мајка)
Тереза Нор, била насилна кон своите 6 деца физички, вербално и психолошки. Таа се омажила за 4 мажи и се развела од нив за краток временски период, веројатно поради нејзиниот нестабилен ум.
По четвртиот развод таа станала уште понасилна, секојдневно почнала да пие огромна количина на алкохол и на некој начин да се одмаздува на своите деца, сметајќи ги за виновници на нејзините пропаднати бракови.
Имено, таа буквално ги „изолирала“ своите деца од остатокот на светот, така што не им дозволувала да излезат надвор од домот, ниту пак да зборуваат со некого.
Оваа ужасна мајка ги принудувала своите деца на прекумерено јадење, секојдневно ги повредувала, фрлајќи по нив со тапи предмети, ги горела со цигари, ги бркала со ножеви. Дури, таа ги уценувала постарите сестри со цел тие да ги повредат помладите.
За среќа, една од ќерките успеала да се измолкне од домот и да отиде до најблиската полициска станица, така што морничавата Тереза моментално се наоѓа зад решетките.
Семејството Подкопаев (семејство на сериски убијци)
Ова руско семејство се состои од сопруг, сопруга и две ќерки, а сите заедно убиле најмалку 30 лица. Тие колективно направиле безброј грабежи и измачувале многу жртви, пред да ги убијат.
По големиот број на грозоморни убиства, нивната ќерка Викторија била прободена до смрт од една од нивните жртви, за на крајот, целото семејство да се „сретне“ со својата судбина.
Семејството Фрицл (морбидно семејство)
Случајот „Фрицл“ доби светско внимание во 2008 година, кога Елизабет Фрицл ѝ соопшти на локалната полиција во Австрија дека била заробена од нејзиниот татко Јозеф Фрицл, цели 24 години.
Тој не само што ја заклучил во подрум, туку ја мачел и силувал повеќе од две децении.
Сексуалната злоупотреба од страна на нејзиниот татко резултирала со раѓање на 7 деца, од кои четворица биле злоставувани како и нивната мајка, а едното од нив починало за само неколку дена поради проблем со дишењето.
Останатите 3 деца биле воспитани од Јозеф Фрицл и неговата сопруга. Кога најстарата ќерка по име Керстин сериозно се разболела, Јозеф ѝ дозволил на Елизабет да ја однесе во болница, а нејзиното излегување предизвикало низа настани што на крајот довеле до нивно откривање.
Мила М. | Црнобело