Девојка со несекојдневна убавина – Едното око ѝ е половина сино, половина кафеаво (фото)

Тамара Вилијамс е фотографка родена во Германија. Она што на почетокот за неа било само хоби, наскоро прераснало во многу успешна, интернационална кариера.

Devojka-so-nesekojdnevna-ubavina-01.jpg

Таа започнала да работи во банка, но наскоро ја напуштила работата со цел да ги следи своите соништа. Нејзината специјалност се фотографии кои доловуваат мода и ја истакнуваат убавината.

Нејзините фотографии се појавиле во Vogue, Elle, Marie Claire, Cosmopolitan и многу други еминентни списанија, а на Инстаграм ја следат дури 432 илјади следбеници.

Но, последната девојка која ѝ „западнала“ во очи и застанала пред објективот на Тамара е релативно анонимната Полин Шмиц која има навистина необична, ретка убавина – едно од нејзините очи е половина сино, половина кафеаво.

Многумина би рекле дека таа „страда“ од хетерохромија или народски кажано „шарени очи“, но ние би го употребиле терминот благословенa.

devojka-so-nesekojdnevna-ubavina-ednoto-oko-i-e-polovina-sino-polovino-kafeavo-02.jpg

Тамара случајно ја пронашла Полин на Инстаграм и веднаш ги забележала нејзините очи па ја замолила да ѝ биде модел да време на нејзиниот Мастер клас.

Полин била малку нервозна затоа што никогаш претходно не позирала, но резултатот е неверојатен.

Ова е само уште еден доказ дека убавината треба да се слави во секоја форма, боја и облик, нели?

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Освежете си го знаењето пред одмор: Грк на Инстаграм споделува едноставни грчки фрази Од имињата на деновите на неделата, до начини како да викнете такси во Грција, п...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...
10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg