Толкување на најчести сонови: Секс

Соновите се низа на слики и чувства кои се појавуваат додека спиеме. Толкувањето на соновите е популарно уште од најстарите времиња, а науката која ги проучува соновите се нарекува ониромантија.

tolkuvanje-na-najchesti-sonovi-seks-01.jpgфото: depositphotos.com

Еротските соништа се едни од најчестите. 

Во текот на месец февруари и март, ќе ги споделуваме толкувањата за 10-те најчести сонови кај луѓето.

Толкување за вашите сонови може да најдете и во нашиот ОНЛАЈН СОНОВНИК.

ШТО ЗНАЧИ ДА СОНУВАТЕ СЕКС?

Ако сонувате дека имате секс

Ако имате секс во сон, тоа покажува дека сте слабо активни на тоа поле. Можно е вашите желби да се спротивни на реалноста што ја доживувате.

Од некоја причина, вашиот партнер или вие немате иницијатива, па сè останува само во доменот на имагинацијата. Единствено решение за вашиот проблем е искрен разговор што ќе открие зошто не можете да постигнете таков вид интимност.

Ако сонувате дека имате секс со сопругот / сопругата или дечкото / девојката

Ако имате секс со моменталниот партнер во сон, тоа подразбира дека сте незадоволни од врската. Веројатно од партнерот очекувате повеќе внимание, љубов или материјални ресурси, па се чувствувате измамени кога ќе ги споредите вашите желби и потреби со она што го добивате.

Честопати се прашувате дали вреди да се борите за вашата врска, а тој/таа упорно ви дава негативен одговор секој ден.

Ако сонувате дека имате секс со друга личност

Кога имате секс со друга личност во сон, тоа значи кратка врска. Може да се случи да започнете да се гледате личност кон која чувствувате силна физичка привлечност.

За вас нема да биде важно дека иднината на таа врска е невозможна, но ќе се обидете да уживате максимално во секој момент.

Ако сонувате дека гледате како другите имаат секс

Ако во сон гледате други како имаат секс, тоа значи дека срамежливоста ве спречува. Можно е да го доживувате сексот како табу-тема, поради што не му кажувате на партнерот за вашите желби.

Сте пропуштиле многу од она што другите го сметаат за нормално и, без оглед на возраста, образите ви се заруменуваат кога некои луѓе ќе почнат да зборуваат за своите искуства.

Ако другите ве гледаат во вашиот сон за време на сексот

Овој сон значи дека конечно ќе надминете некои комплекси што ги имате многу долго време. Овие комплекси не мора да бидат поврзани со сексуалноста и сензуалноста, тие можат да бидат какви било комплекси, како што се комплекси поврзани со вашиот изглед или интелигенција.

Ако сонувате дека не сакате да имате секс

Кога не сакате да имате секс во сон, тоа укажува дека ќе бидете искрени. Веројатно некој е заљубен во вас и е подготвен на сè за да ве задржи.

Вие нема да сакате да го искористите ова, но ќе му кажете на лицето за кое станува збор да не се занесува и да почне да си бара некој што ќе негува исти чувства на неговите или нејзините.

Ако маж сонува дека има секс со маж

Вие потајно му се восхитувате и си го цените пријателот. Сонот не мора да значи хомосексуални склоности, може да значи и дека поминувате низ период на испрашување за сопствената сексуалност.

Ако жена сонува дека има секс со жена

Вие тајно му се восхитувате и го цените вашиот пријател. Сонот не мора да значи хомосексуални склоности, може да значи и дека поминувате низ период на преиспитување за сопствената сексуалност.

Алтернативно, сонот може да значи среќа и здравје.

Секс со роднина во сон

Ако сонувате дека имате секс со роднина во сон, тој сон значи дека некои од вашите вредности се всушност нарушени.

Секс на плажа

Ве очекуваат радосни моменти на јаве. Саканата личност ќе ви ги возврати чувствата.

Секс во автомобил

За оние во врска: ви претстои романтично патување. За оние кои не се во врска: на одмор ќе запознаете личност која ќе ви остави силен впечаток.

Ако сонувате дека имате секс со постара личност од вас

Вие потајно сакате да имате поголемо искуство во вашиот сексуален живот. Несигурност.

Ако сонувате дека имате секс со личност која е помлада од вас

Ви недостасуваат деновите кога сте биле наивни и помалку пресметливи. Несигурност.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте имале, гледале или сте одбиле да имате секс, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Ова е еден од најчестите соништа и многу често не се толкува. Имено, ако навистина сакате да имате секс со некого, толку силно што секој ден фантазирате за тоа, тој сон, во овој случај не се толкува. 
Исто така, ако го сонувате сексот што неодамна сте го доживеале во реалноста, ниту ваквите соништа не се толкуваат. Истите се резултат на надворешни стимули.
Ние обично толкуваме соништа кои немаат неодамнешна основа во настани кои се случуваат на јаве.

Прочитајте го и толкувањето на соновите на тема бременост.

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
Чарли Чаплин, Хју Хефнер: Темната страна на најпознатите „женкари“ во историјата Казанова е толку познат женкар во историјата, што неговото име денес честопати с...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
Мајките гневни на ZARA заради маичка за деца: „Ова е морничаво, злобно и непристојно“ „Одлична ужинка – гризни ја“ стои на натписите на маичките за деца што шпанскиот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg