Мајките гневни на ZARA заради маичка за деца: „Ова е морничаво, злобно и непристојно“

„Одлична ужинка – гризни ја“ - стои на натписите на маичките што шпанскиот моден гигант ZARA ги вклопи во детската колекција сезонава, но на една мајка од Велика Британија не ѝ се допадна дизајнот. Според неа оваа маичка алудира на секс и педофилија и е повлечена од продажба во Британија. 

grizni-ja-zara-povleche-od-prodazhba-maichka-za-deca-otkako-maichka-se-pozhali-deka-ima-nepristoen-natpis-01.jpg

Британските медиуми деновиве пишуваат за одлуката на ZARA да повлече од продажба модел на маичка за деца, откако една мајка инфлуенсерка рече дека станува збор за облека со непристојна содржина.

grizni-ja-zara-povleche-od-prodazhba-maichka-za-deca-otkako-maichka-se-pozhali-deka-ima-nepristoen-natpis-02.jpg

Лора Вилсон е британска инфлуенсерка, која на социјалните мрежи ја осуди маичката за деца на ZARA со јаготки и која рече дека на себе има „мрачен, морничав и несоодветен за деца натпис“.

grizni-ja-zara-povleche-od-prodazhba-maichka-za-deca-otkako-maichka-se-pozhali-deka-ima-nepristoen-natpis-03.jpg

На маичката на предниот дел пишува:

„Јаготка: Mал наплив на слатка радост. Совршената ужинка“ (The strawberry: A small burst of sweet joy. The perfect snack).

grizni-ja-zara-povleche-od-prodazhba-maichka-za-deca-otkako-maichka-se-pozhali-deka-ima-nepristoen-natpis-04.jpg

На задниот дел од маичката има слика од јаготки на кои повторно пишува „Совршената ужинка. Гризни ја...“

Според мајката, оваа маичка е навредлива затоа што во англиското говорно подрачје, зборот snack – ужинка има двојно значење и често се користи како сленг, за да се означи некоја личност што изгледа привлечно.

Според неа, маичката има сексуална конотација и ѝ делувала толку морничаво, што не можела да премолчи.

grizni-ja-zara-povleche-od-prodazhba-maichka-za-deca-otkako-maichka-se-pozhali-deka-ima-nepristoen-natpis-06.jpg

Таа на ТикТок ги праша мајките што мислат, дали се сложуваат со неа и голем број од нејзините следбенички се сложија дека маичката е непристојна за девојчиња.

grizni-ja-zara-povleche-od-prodazhba-maichka-za-deca-otkako-maichka-se-pozhali-deka-ima-nepristoen-natpis-07.jpg

По видеото објавено од мајката, како што пишуваат британските медиуми, ZARA одлучила истата да биде повлечена од продажба во Обединетото Кралство, но на веб страниците на некои други земји, може да се забележи дека сѐ уште е достапна за продажба.

Погледнете го видеото на мајката:

@chaos.to.sanity

If you think this is wrong - please let me know so i don’t feel crazy… is this wrong? Or not? Personally, I’m disgusted - who is buying this t-shirt for their child?!! #zara #disgusted #foryou #fyp #fypviralシ #makethisviral

♬ original sound - LJ🪬

Што мислите? Дали реакцијата на оваа мајка е оправдана, или понекогаш како родители гледаме опасност и таму каде што ја нема?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg