12 причини зошто Французинките се жени што будат восхит кај сите
Тие не одат наоколу да се жалат за своите проблеми, па наместо да им плачат на рамо на пријателките, водат активен животен стил, ги полнат батериите и времето го минуваат динамично, слободно и безгрижно.
Кога ќе се спомене Французинка, сигурно прво на ум ви паѓа дама со уникатен и софистициран стил. Овие жени имаат нешто магично во себе и секогаш се предмет за восхит за жените од другите земји.
Нивните манири и изглед и до ден денес ги прават пример за женска убавина.
Работи поради кои Французинките побудуваат восхит:
Не се зависнички од ботокс, филери и пластични операции
Нивното мото е да се сакаат такви какви што се и знаат дека атрактивниот изглед никогаш нема да ги замени личните достигнувања и интелигенција.
Не одат наоколу да се жалат за своите проблеми
Наместо да им плачат на рамо на пријателките, тие водат активен животен стил, времето го минуваат слободно и безгрижно и прошетките и природата им се лек.
Не следат модни трендови кои го загрозуваат нивното здравје
Комфорот и здравјето на модерните Французинки им се над сè, па така тие нема да се измачуваат со превисоки и неудобни потпетици само затоа што така наложува модата, ќе носат само тогаш кога сакаат.
Не се запуштаат и по 30-тата година од животот
Девојките во многу земји во светот штом се омажат, почнуваат да се концентрираат комплетно на домот и забораваат на негата на себе, но Французинките знаат дека негата на себе е „обврска“ за цел живот.
Знаат дека можат да изгледаат одлично и во облека која не е од некој скап бренд
Тие знаат дека сè е до стилот, вкусот и начинот на кој ги комбинирате работите. Знаат дека облекувањето скапо не е исто што и облекувањето добро.
Не се откажуваат од кариерата за да растат деца
Голем дел од Французинките сметаат дека жена без кариера е несреќна жена, па така и по раѓањето на деца не ја запоставуваат кариерата, а бараат помош од роднини или ангажираат дадилки.