9 работи кои префинетите жени никогаш нема да ги споделат на социјалните мрежи

Лесно е да се вклучите во некоја расправија на социјалните мрежи или да споделите свои лични поплаки и фрустрации, но, сте помислиле ли како тоа влијае на вашата репутација?

ozboruvanja-semeen-zhivot-ovie-raboti-prefinetite-zheni-nikogash-nema-da-gi-spodelat-na-socijalnite-mrezhi-01.jpg

Покрај тоа што се забавни, социјалните мрежи не се простор каде што може да се објавува сè, особено ако сте жена која ја цени својата приватност и углед. Објавувањето со дискреција значи да ги почитувате сопствените и границите на другите, а сепак да ги споделувате убавите и забавни аспекти од вашиот живот.

Префинетите жени имаат вештина за ова и тие знаат дека има одредени работи што треба да ги држат понастрана од социјалните медиуми.

Работи кои префинетите жени никогаш не ги објавуваат на социјалните мрежи:

Лични поплаки

Многу често на социјалните мрежи се споделуваат лични фрустрации и поплаки, но, префинетите жени знаат дека личните драми и конфликти не припаѓаат на социјалните медиуми. Приватните работи треба да се решаваат приватно, а не во очите на јавноста.

Префинетите жени ја знаат својата вредност и го одржуваат своето достоинство, дури и кога им е најтешко.

Премногу суета

На профилот на префинетите жени нема да најдете фотографии или објави со кои се фалат, како на пример, селфи фотографија покрај луксузен хотел, со коктел во рацете, зајдисонце и прескапи очила за сонце.

Префинетите жени претпочитаат да инспирираат и воздигнуваат, наместо да се фалат.

ozboruvanja-semeen-zhivot-ovie-raboti-prefinetite-zheni-nikogash-nema-da-gi-spodelat-na-socijalnite-mrezhi-02.jpg

Онлајн кавги

Многу е лесно да коментирате на некоја објава на социјалните мрежи и да се внесете во жестока дебата или контроверзна расправија. Но, префинетите жени знаат да се држат подалеку од тие онлајн замки.

Тие разбираат дека не секоја објава бара коментар од нив, па наместо тоа, добро размислуваат дали нешто вреди за нивното време и енергија.

Премногу споделување на лични работи

Живееме во ера каде што многу често се споделува приватниот живот на социјалните мрежи. Но, префинетата жена ја знае важноста од одржување на приватноста.

Таа разбира дека некои моменти треба да останат само во приватноста и да се споделат само со саканите. Ваквите жени објавуваат со некоја намера и цел.

ozboruvanja-semeen-zhivot-ovie-raboti-prefinetite-zheni-nikogash-nema-da-gi-spodelat-na-socijalnite-mrezhi-03.jpg

Негативни коментари во врска со физичкиот изглед

Префинетите жени знаат дека секој човек е уникатен и дека убавината доаѓа во сите облици и големини. Ваквите жени никогаш не ги користат социјалните мрежи како место за да го критикуваат своето или туѓото тело.

Наместо тоа, овие жени се залагаат за позитивност и ги нагласува позитивните карактеристики.

Недолична содржина

Префинетите жени не ги омаловажуваат другите и не ги исмејуваат туѓите верувања и определби. Тие разбираат дека секој има право на свое мислење и ја почитуваат оваа различност.

ozboruvanja-semeen-zhivot-ovie-raboti-prefinetite-zheni-nikogash-nema-da-gi-spodelat-na-socijalnite-mrezhi-05.jpg

Споредување со другите

На социјалните мрежи, многумина го прикажуваат својот живот како совршен, па лесно може да се лизнете на оваа замка и да мислите дека вашиот живот не вреди. Но, префинетите жени знаат дека социјалните мрежи не се точен приказ на целиот нечиј живот.

Тие се воздржуваат од споредби или објавување содржини што ги поттикнуваат другите да се споредуваат. Овие жени разбираат дека секој е на свое патување и дека не постои одредена временска рамка за успех.

Озборување

Понекогаш се чини дека социјалните мрежи се жариште за гласини и озборувања, зар не? Сепак, префинетите жени се оддалечуваат од овие дискусии.

Тие знаат дека овие постапки лошо се одразуваат врз личноста, па затоа, на социјалните мрежи најчесто ги пофалуваат и воздигнуваат другите.

ozboruvanja-semeen-zhivot-ovie-raboti-prefinetite-zheni-nikogash-nema-da-gi-spodelat-na-socijalnite-mrezhi-06.jpg

Семејни приватни работи

Семејството е свето и заслужува почит и приватност. Префинетите жени го знаат ова и никогаш не ги користат социјалните мрежи како платформа за прикажување на семејните поплаки или споредување на премногу лични семејни работи.

Па, најважно е да сфатиме дека социјалните мрежи се платформа која може да се користи или за инспирација и поврзување, или да се злоупотреби и да се шири негативност.

Префинетите жени одбираат да споделуваат позитивност, љубезност, да измамат насмевка на нечие лице и да ги натераат другите да се чувствуваат помалку осамено во нивните борби.

ozboruvanja-semeen-zhivot-ovie-raboti-prefinetite-zheni-nikogash-nema-da-gi-spodelat-na-socijalnite-mrezhi-04_copy_copy.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg