Џвакање со отворена уста и уште 9 чудни причини зошто луѓе раскинале некому
„Искрено, кога некој дише или голта прегласно, не можам да поднесам. Не можам да замислам тоа да го слушам до крајот на животот“.
Никој не сака да го помине својот живот со личност чие однесување, верувања или дела му одат на нерви.
Замислете само наредните 50 години да ги поминете со некој кој ве иритира затоа што ги јаде сите колачи и не ве нуди со ниту едно или прави работа која ја мразите од дното на душата.
Луѓе на Редит ги споделуваат најчудните причини поради кои ставиле крај на некоја врска.
Чудни причини зошто луѓе раскинале некому:
„Таа не сакаше животни. Не знам зошто тоа ми дојде како црвено знаме. Искрено, не ми значеше што личи на Меган Фокс, нејзиниот став кон животните направи да ми се одмили“.
„Не кажуваше ‘благодарам’ и ‘те молам’ и не беше љубезен кон луѓето од услужната дејност“.
„Имав девојка на која ѝ беше потребно 40 минути да се спреми за да го прошета 15 минути кучето со мене. И тоа не дека се шминкаше или нешто, туку беше флегматична додека да тргне“.
„Ми прати фотографија на која си ги стега мускулите и ми напиша порака: ‘Mаче, секси сум?’. Не знам што ми беше поодбивно – стегањето на мускулите или што ме нарече маче“.
„Ме одбиваше тоа што беше безобразен во сообраќај, ако нема култура при возење, ќе нема ниту кон мене“.
„Искрено, кога некој дише или голта прегласно, не можам да поднесам. Не можам да замислам тоа да го слушам до крајот на животот“.
„Беше зависна од телефонот, јас и зборував, таа не ме слушаше фокусирано и зјапаше во екранот“.
„Не ми мирисаше убаво. Не мислам дека не водеше хигиена, едноставно не го поднесував неговиот природен мирис на телото“.
„Ме иритираше тонот на неговиот глас“.
„Џвакаше со отворена уста.“
С. С. | Црнобело