12 причини зошто Французинките се жени што будат восхит кај сите
Не се зависнички од шопинг
Тие немаат време за минување на цел ден во трговските центри и многу често шопингот го прават онлајн.
Не се измачуваат со тешки диети
Тие уживаат во омилената торта и кроасан, си поставуваат граници во исхраната, но не се измачуваат со тешки и нездрави диети.
Знаат како да уживаат во секој миг од животот
Тие живеат за мигот и наоѓаат среќа во мали работи. Едноставно ја знаат „уметноста на живеењето“. Не се оптоваруваат со туѓите мислења и затоа се ведри и енергични и на постари години.
Ја знаат моќта на свилената марама
Французинките знаат дека една марама околу вратот прави голема разлика, плус овој моден додаток ги крие брчките на вратот.
Не се опседнати со ставање на вештачки нокти во козметичките салони
Сакаат природен изглед на ноктите без многу детали. Повеќе вложуваат во прстени и друг накит, отколку во ставање на вештачки нокти.
Не ставаат тон шминка, но и не се плашат да се појават со впечатлив кармин среде ден
Сакаат природен изглед и обично при шминкањето најмногу внимание обрнуваат на добрата подлога со квалитетна козметика. Сепак, кога се расположени за повпечатлив изглед не им е проблем да стават силен кармин среде ден.
С. С. | Црнобело