Што се читаше најмногу на CRNOBELO.com во 2020-та?
Листа со намирници за 14-дневен карантин, интервјуа со Македонци кои живеат во странство и странци кои ја посетиле нашата земја, забавни факти за познатите личности и државите низ светот и секако квизови на знаење – со кои теми успеавме да го задржиме вашето внимание и што најмногу се читаше на CRNOBELO.com во оваа тешка година?
2020-та беше една од најтешките години досега, а беше вистински предизвик да успееме да го задоволиме вкусот на читателската публика, да ве информираме за сите новости, а истовремено да успееме да ве расположиме со позитивни вести од разни области.
Во секојдневниот обид да ве одржиме информирани во врска со најновите новости во врска со корона вирусот, како и начините за заштита, останавме доследни на нашата главна мисија – да ви понудиме квалитетна содржина на разни теми кои ќе ве научат на нешто ново, ќе ве расположат и забавуваат.
Од добро познатите квизови кои постојано го тестираат вашето знаење и забавни факти за вашите омилени личности од шоубизнисот, до можноста да ѕирнете во домовите на Македонци кои имаат вкус за ентериер и разговори со огромен број луѓе кои имаат многу што да раскажат за нивните искуства во животот - што најмногу читавте во 2020-та?