Сите се топлес, жените имаат секс со гостинот - интересни факти за најубавото африканско племе Химба
Овој народ се смета за најубаво африканско племе. Традиционално, и мажите и жените се топлес, а телото им е премачкано со кал и смола како заштита од сончевите зраци. Не се бањаат, туку прават „ароматична бања“ со смола и билки.
фото: depositphotos.com
Племето Химба е настанато во околината на градот Опува, во Северна Намибија. Брои околу 50.000 луѓе кои живеат од сточарство и собирање плодови. Мажите поголем дел од годината се на лов.
Многу се патријархални и веруваат во еден бог – Мукуруа. Склони се на полигамија.
Нивниот социјален статус се одредува според количината на стока која ја поседуваат, а мажите кои се на повисоко социјално ниво имаат и по неколку жени.
Она што ги издвојува е нивниот физички изглед. Тие се убави, носат здолништа направени од кожа во разни бои, а возрасните жени носат и кожени чорапи за да ги заштитат нозете од опасни животни.
Телото го премачкуваат со кал како заштита од сонцето.
Косата ја плетат со мешавина „отјизе“ направена со масла и билки, користат окер пигмент за да постигнат црвенкаста нијанса која ја претставува земјата и плодноста, т.е. крвта како симбол на животот.
Мажите од племето имаат една плетенка кога се слободни, а ја врзуваат косата кога ќе се оженат.
Жените носат сложени комбинации зависно од тоа дали се во брак и колку години имаат. Децата имаат 2 плетенки, а од почетокот на пубертетот плетенките кај девојките се преместуваат напред на лицето.
„Кога гостин тропа на вратата, мажот го дава своето одобрување и задоволство да го види својот гостин, со обичајот „окужепис омуказенду“- жената му е дадена на гостинот да спие со неа додека сопругот спие во друга просторија. Ако нема друга просторија на располагање, сопругот спие надвор“ - пишува Guardian.
Во племето Химба се верува дека детето само си ги бира родителите.
Единствено што не може да одбере е кога ќе се роди, затоа што мајката одлучува кога ќе има дете.
Кога жената сака да стане мајка, оди во шумата и медитира додека не ја чуе песната на детето кое сака „да го роди“. Тогаш оди да најде маж кој ќе биде татко на детето.
Кога ќе го пронајде, заедно ја учат песната со која го повикуваат, пред да го зачнат физички. Песната ја учат и сите бабици и други жени во селото и со неа го дочекуваат детето кога ќе се роди.
Е. П. | Црнобело