Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Во Франција има 42.986 - Земји со најмногу кружни текови во светот

Со скоро 43.000, Франција е на врвот на листата на 5 земји со најмногу кружни текови во светот. На оваа листа се наоѓа само една земја која не е од Европа. Можете ли да погодите која?

vo-francija-ima-42-986-zemji-so-najmnogu-kruzhni-tekovi-vo-svetot-01.jpg

Секој возач барем еднаш се нашол на кружен тек. Овој тркалезен остров среде пат (понекогаш) му го загорчува животот бидејќи или не може да се снајде во сообраќајот, или се нервира со возачите кои не ги знаат правилата за возење по кружен тек.

Кај нас и нема толку многу кружни текови, па ќе си речете дека не е страшно...

Но, знаете ли во кои земји во светот има толку многу кружни текови, што мора да сте експерт (или да имате дебели нерви) ако сакате да не „полудите“?

vo-francija-ima-42-986-zemji-so-najmnogu-kruzhni-tekovi-vo-svetot-03.jpg

Ова се петте земји со најмногу кружни текови во цел свет:

Франција е светски шампион со 42.986 кружни текови (повеќе од еден по општина). Франција има и најмногу кружни текови по глава на жител.

Според податоците, во Велика Британија има скоро двојно помалку кружни текови отколку во Франција. Но, со 25.976, земјата е сепак втора во светот.

vo-francija-ima-42-986-zemji-so-najmnogu-kruzhni-tekovi-vo-svetot-02.jpg

Уште една европска земја е на врвот на листата. Италија има 18.121 кружен тек на својата територија.

Четврта е Шпанија. Оваа европска држава има 15.053 кружни текови.

vo-francija-ima-42-986-zemji-so-najmnogu-kruzhni-tekovi-vo-svetot-05.jpg

Бразил е на петтото место во светот, со 11.854 кружни текови.

Истовремено, ова е првата земја на листата држави со најмногу кружни текови, а што не е во Европа.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Екстравагантна свадба во Швајцарија е како ледена бајка: Невестата „смрзната“ во коцка мраз, ангел л... Невеста „замрзната“ во коцка мраз, маж преправен во ангел кој „лета“ над младенц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg