Трагичната љубовна приказна на комичарот Џим Кери која заврши со самоубиство
- Детали
- петок, 19 јуни 2020
Кралот на комедијата има потресна љубовна приказна зад себе - жената што ја обожавал си го одзела животот и оставила порака дека тој ја уништил.
Џим Кери и Катриона Вајт се запознале во 2012 година на снимање на еден филм. На сетот таа работела како шминкерка.
Уште кога започнала нивната врска пријателите на актерот биле скептични за неговиот избор. Многумина од нив биле убедени дека Вајт го користи само за да стекне слава во Холивуд.
Врската била нестабилна, тие се разделиле во март 2013, па се смириле повторно во мај 2015, но и двајцата биле во сериозна депресија и не можеле да си помогнат еден на друг.
По уште една во низата кавги и раскинување на врската, Вајт одлучила да крене рака на себе. Таа починала на 28 септември 2015 година по земање на смртоносна доза на лекарства.
Пред смртта оставила порака дека Џим Кери ја уништил како личност и дека тој комплетно ѝ го уништил животот.
Според американските медиуми, во пораката пишувало:
„Минав 3 дена во неверување дека ти не си тука. Можам да одам со скршено срце и да се обидам да ги составам деловите. Можам, но немам волја овојпат.
Жалам што чувствуваше дека не бев тука за тебе. Се обидов да ти ја дадам мојата најдобра страна“.
Вајт била лудо вљубена во Кери, но нивната врска била ролеркостер, а таа го врзала својот идентитет за неговиот, па така полека се губела себеси.
По смртта на Катриона, Џим изјави дека е длабоко трогнат и дека таа била пречувствителен ирски цвет за овој свет.