Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Коса долга 180cm, ја чешла по 1 час: Рин Камбе се нема шишано 15 години (фото)

Косата на Рин Камбе е долга 180cm, за 13cm повеќе од нејзината висина, па затоа најчесто мора да носи многу високи потпетици. Рин е манекенка и танчерка по потекло од Токио која ја нема скратено косата повеќе од 15 години.

kosa-dolga-180cm-se-cesla-1-cas-rin-kambe-se-nema-shishano-15-godini-foto-01.jpg

Нејзиниот детски сон бил да стане фризерка, а родителите не ѝ дозволувале да има долга коса.

„Имав строги родители, а тренирав и фудбал. Заради овие две причини косата мораше да ми биде кратка, но кога наполнив 20 години, решив да ги игнорирам родителите и да си го остварам сонот за долга коса.“

kosa-dolga-180cm-se-cesla-1-cas-rin-kambe-se-nema-shishano-15-godini-foto-02.jpg

Таа вели дека секој ден поминува еден час во чешлање и дека најчесто ја носи собрана во пунџа. Најмногу и пречи кога се пресоблекува, но нема намера да ја крати.

Ја користи и за „шмек“ во нејзините танцови движења, а луѓето се најчесто воодушевени од настапите.

За да ја одржи косата здрава, јаде храна богата со железо, спие 7 часа дневно и редовно вежба.

kosa-dolga-180cm-se-cesla-1-cas-rin-kambe-se-nema-shishano-15-godini-foto-04.jpg

Честопати ја нарекувале чудовиште заради косата, но таа смета дека тоа е најубавото нешто што го поседува.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg