Ја нарекуваат политичарка „со најголеми гради на Балканот“, наместо „со желба за промени“ – Која е Емина Јахиќ?
Медиумите во регионот ја нарекуваат политичарка со најголеми гради, разочарана е што повеќето се фокусираат на нејзиниот изглед наместо на нејзината политика, работа и желба за промени, на социјалните мрежи има повеќе од 170.000 следбеници, а кога се кандидираше за советник на градот Тузла, доби само 88 гласови.
Емина Јахиќ е млада политичарка, која сакала да ја унапреди положбата на младите, но популарноста на Инстаграм не ѝ помогна на локалните избори во Босна и Херцеговина.
Таа беше кандидат на Демократскиот фронт за Советот на градот Тузла, а на изборите освои 88 гласови, што е значително помалку во зависност од гласовите кои партијата ги добивала во Тузла низ годините, според медиумите во регионот.
„Како млада личност, свесна сум за положбата на младите во денешното опкружување како и проблемите со кои секојдневно се соочуваме. Затоа, како претставник на Форумот за млади, фокусот на мојата работа ќе биде подобрување на положбата на младите.
Еден од проблемите на кои сакам да се фокусирам, а со кои повеќето се соочуваат, е стекнување на прво работно искуство како предуслов за вработување. Во наредниот период сакам да ги слушнам вашите проблеми и предлози, за со заеднички сили да се избориме за своите права и да си ја подобриме положбата во општеството.“ - гласи нејзината изјава во соопштението дека е кандидат за Советот.
22-годишната Емина има повеќе од 170.000 следбеници на Инстаграм, кои редовно ги следат нејзините објави, а дел од српските медиуми се фокусираат само на нејзиниот физички изглед и ја опишуваат како политичарка со најголеми гради на Балканот.
Од партијата истакнуваат дека се разочарани што нејзиното кандидирање сите го гледаат од погрешен агол, земајќи го предвид нејзиниот изглед, а не нејзиниот талент, знаење и работа.
Откако Емина ја објавила својата кандидатура, во интервју и самата укажала на проблематиката за тоа што жените се гледаат низ призма на физички изглед, а на неугледните прашања во врска со тоа дали би ѝ пречело ако ја гласаат заради изгледот, Емина има моќен одговор:
„Замислете истото прашање да ѝ се постави на докторка, која специјализирала онкологија. Дали кај неа доаѓаат заради изгледот или затоа што е посветена на својата работа?“
Сепак, изгледа повеќе им се допаѓа како инфлуенсерка, отколку како советник, со оглед на тоа што не помина славно на изборите.
Фотки од Емина на Инстаграм:
https://www.instagram.com/p/CESKF5tsESN/
М. М. | Црнобело