Селото со повеќе страшила отколку жители - секој кукла е направена по некој починат жител

Во селото повеќе нема деца и има само 27 жители, но секоја година го посетуваат илјадници туристи.

seloto-so-povekje-strashila-otkolku-ziteli-sekoja-kukla-e-napravena-po-nekoj-pochinat-zitel-01.jpg

Селото Нагоро се наоѓа по долината на реката Ија, на југот од Јапонија.

Селото изгледа како и сите други села - мирно и тивко. 

Колку повеќе се доближувате до селото, имате претстава како да е полно со жители кои работат на своите бавчи, пијат кафе пред куќата, разговараат и живеат вообичаен селски живот. 

Но, кога ќе пристигнете во него, ќе сфатите дека тоа не се живи луѓе, туку кукли (страшила). 

Во ова село има повеќе кукли отколку жители и секоја од нив претставува некој починат жител.

Токму поради куклите ова село е многу интересно за туристите.

seloto-so-povekje-strashila-otkolku-ziteli-sekoja-kukla-e-napravena-po-nekoj-pochinat-zitel-07.jpgфото: Инстаграм

Зошто има толку страшила?

Страшилата се изработени од слама и памук.

Тие се идеја и замисла на Цукими Ајано, која се вратила во селото во 2002 година откако поголемиот дел од животот го поминала во Осака. 

Кога била девојче во селото живееле 300 жители, а денес таму живеат само 27 луѓе.

Првото страшило Цукими го изработила од практични причини, за да ги исплаши птиците да не го крадат семето од полето, а го направила да личи на нејзиниот татко.

Бидејќи сѐ повеќе мештани умирале и се селеле од селото, таа дошла до идеја на секој од нив да му посвети по едно страшило и на тој начин да им го зачува споменот. 

Селото станало многу популарно за туристите откако германскиот режисер Фриц Шуман во 2014 година снимил краток документарен филм за него со наслов „Долина на куклите“.

seloto-so-povekje-strashila-otkolku-ziteli-sekoja-kukla-e-napravena-po-nekoj-pochinat-zitel-02.jpgфото: Инстаграм

Кукли кои прават секојдневни работи

Единственото училиште во селото, кое било затворено пред неколку години, откако завршиле последните двајца ученици, било претворено во неофицијален „музеј на страшила“, во кој се изложени кукли кои личат на ученици, наставници и родители.

seloto-so-povekje-strashila-otkolku-ziteli-sekoja-kukla-e-napravena-po-nekoj-pochinat-zitel-06.jpgфото: Инстаграм

Фестивал на страшила

Благодарение на страшилата кои ги заменуваат жителите, селото заживеало.

Неколку илјадници туристи годишно доаѓаат да го посетат Нагоро, а во октомври секоја година таму се одржува фестивал на страшила. 

Цукими одржува работилници за оние кои сакаат да научат како да изработуваат страшила.

seloto-so-povekje-strashila-otkolku-ziteli-sekoja-kukla-e-napravena-po-nekoj-pochinat-zitel-03.jpgфото: Инстаграм

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
13 иритантни работи со кои мажите ги вадат од такт своите сопруги „Маж ми си ги чува носените чорапи, расфрлени среде дневна и спална соба, не му ...
Фото-докази дека некои луѓе имаат неверојатна среќа во животот „Мајка ми си ја најде изгубената мачка после 1 година“. „Потсетување секога...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg