Откако родителите биле спречени од пандемијата, сурогат мајката се грижела за нивното дете што го родила

Брачен пар од Кина одлучил да има дете со помош на сурогат мајка од САД. Но, кога пандемијата не им дозволила да ја напуштат нивната држава, сурогат мајката без двоумење почнала да се грижи за нивното дете.

otkako-roditelite-bile-sprecheni-od-pandemijata-surogat-majkata-se-grizhela-za-nivnoto-dete-shto-go-rodila-01.jpg

Кога Џенифер Парсон се согласила да биде сурогат мајка за еден пар, сигурно не ни претпоставувала што ќе се случи. На Џенифер ѝ се допаѓала идејата да може да му помогне на млад брачен пар да основа семејство, а првпат била сурогат мајка во 2014-та.

Минатата година, преку агенција за сурогат мајки, таа била споена со пар од Кина. Наводно, многу парови од Кина барале сурогат мајки од САД, обидувајќи се да ја избегнат забраната за ова во државата.

„Штом го запознав семејството, веднаш ми се допаднаа. Се слушнавме на Skype и веднаш се поврзавме. Бев сигурна дека сакам да им помогнам“, се присетува Џенифер.

otkako-roditelite-bile-sprecheni-od-pandemijata-surogat-majkata-se-grizhela-za-nivnoto-dete-shto-go-rodila-02.jpg

Додека била бремена, таа престојувала во САД, а родителите од Кина требало да пристигнат во државата кога ќе наближи денот за породување. Но, пандемијата им ги променила плановите.

Џенифер се породила на 9-ти јуни годинава, но поради рестрикциите, парот од Кина не смеел да оди во САД сè до 30-ти август – повеќе од 2 месеци од породувањето.

Кога наближувал важниот датум, нив веќе им било јасно каква е ситуацијата, па почнале да размислуваат што да прават.

„По некое време, почнавме да велиме ’Во ред, мора да размислиме за она што ќе се случи ако тие не можат да дојдат‘. Обично сите автоматски помислуваме дека нештата ќе се одвиваат во наша корист, но овојпат ситуацијата не беше таква“.

otkako-roditelite-bile-sprecheni-od-pandemijata-surogat-majkata-se-grizhela-za-nivnoto-dete-shto-go-rodila-03.jpg

На Џенифер ѝ соопштиле дека во текот на двата месеци, детето ќе го чува дадилка назначена од агенцијата, но парот од Кина добил нова идеја. Тие ја прашале Џенифер дали таа и нејзиниот сопруг ќе се согласат да го почуваат детето. И, тие веднаш прифатиле.

„Не требаше ни да прашуваат. Веќе ги гледавме како дел од нашето семејство и сакавме да им помогнеме и да им ја дадеме потребната поддршка“, вели Џенифер.

Детето се родило, а родителите дури решиле да го му го дадат името Џенифер, во чест на сурогат мајката. 

otkako-roditelite-bile-sprecheni-od-pandemijata-surogat-majkata-se-grizhela-za-nivnoto-dete-shto-go-rodila-06.jpg

Иако се нашле во навистина неочекувана ситуација, Џенифер вели дека сите веднаш се адаптирале. Според неа, чувањето на ова дете им било сосем природно.

otkako-roditelite-bile-sprecheni-od-pandemijata-surogat-majkata-se-grizhela-za-nivnoto-dete-shto-go-rodila-07.jpg

Кога родителите на малата Џенифер конечно успеале да стигнат до САД, неколку недели престојувале во камп-приколка во дворот на сурогат мајката, со цел да се привикнат на улогата родител.

„Беше навистина емотивен процес. Но, мислам дека после петтиот ден, малата Џенифер почна да се адаптира на новите родители, а на нив ги видов најшироките насмевки додека ѝ зборуваа“.

otkako-roditelite-bile-sprecheni-od-pandemijata-surogat-majkata-se-grizhela-za-nivnoto-dete-shto-go-rodila-08.jpg

После три недели, семејствата се збогувале и малата Џенифер отишла да живее во Кина со нејзините родители.

otkako-roditelite-bile-sprecheni-od-pandemijata-surogat-majkata-se-grizhela-za-nivnoto-dete-shto-go-rodila-09.jpg

Приказната на Џенифер стана вирална благодарение на TikTok видео што го објавила самата. Во видеото таа го раскажува целиот настан, а споделува и фотографии од првите месеци на бебето. Џенифер вметнала и неколку фотки од првата средба на бебето и родителите.

@jennparson

Oct 3rd 2019 we were at the embryo transfer,now shes almost 4 mths ##surrogatemother ##surrobaby ##fyp ##ivfstory ##love ##positive ##fypシ

♬ Summertime Sadness - Madilyn Bailey

Таа го објавила видеото кратко откако родителите заминале за Кина, а до денес тоа има над 700.000 прегледи. На видеото можете да најдете само позитивни коментари, за кои Џенифер вели дека ја оставиле без борови.

„Имаше многу љубов во целата ситуација. Навистина е убаво што можевме да го споделиме нашето искуство и мислам дека ова е приказната што им е потребна на луѓето годинава“.

Родителите од Кина речиси секој ден ја известувале за бебето, а Џенифер се надева дека нивното пријателство ќе трае уште многу години.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg