Филмски цитати кои користат
Во текот на животот учиме додека сме мали, учиме на училиште, стекнуваме нови искуства секој ден, учиме од весниците, телевизијата, Интернетот...
Сите љубители на филмовите ќе се сетат на неколку познати филмски фрази кои комплетно можете да ги примените и во животот.
1. "May the force be with you" – Хан Соло (Харисон Форд) во Ѕвездени војни 4.
Во оние моменти кога знаете дека немате друга опција, дека сте ги испробале сите опции или едноставно веќе немате решение, сетете се и верувајте дека постои некоја сила во вселената која ќе ги поправи нештата.
2. "Why so serious?" – Џокер (Хит Леџер).
Извлечете го целиот овој цитат од контекст, заборавете дека го изговорил негативец. Имено, мора да се сложите дека не секогаш треба да бидете сериозни во животот и да гледате малку поведро на нештата.
3. "Frankly my dear, I don't give a damn" – Последните зборови на Рет Батлер (Кларк Гејбл) во спектакуларниот „Одвеано со виорот“ кога ја напушта Скарлет О’ Хара.
Ако несериозноста не е ваш стил, и ако сметате дека не секоја ситуација е соодветна за зафрканција, нека оваа реченица ви биде последна линија на одбраната со која ќе го браните својот ум да не се грижи за работите кои се случуваат во животот. Нема потреба да ве мачат и наредните 3, 5, 10 години!
4. "My mother always said, life was like a box of chocolates, you never know what you're gonna get" – Форест Гамп (Том Хенкс) на симпатична жена која седнува покрај него на клупата.
Човек кој поминал многу во животот ви дава совет дека никогаш не можете да знаете што ве очекува. А, нешто сигурно ќе се случи.
5. "Thank you sir! May I have another?" – Чип Дилер (Кевин Бејкон) во „Animal House“ кога мора да премине преку предизвикот удирање со весло по задникот облечен само во гаќи за да стане дел од братството на факултетот.
Животот сигурно ве изненадил со нешто кое можеби сте го сфатиле како понижување. Меѓутоа, најчесто овие ситуации не учат на понизност. Наместо да плачете над својата судбина и да го одбивате она што се случува, променете ја својата перспектива и заземете позитивен став.
6. "You talkin' to me? Well, I'm the only one here." – Тревис Бајкл (Роберт Де Ниро) во Таксист додека се гледа во огледало.
Ако мислите дека на овој свет не постои никој освен вас, се лажете и сте вистински его манијак. Од друга страна, овој свет навистина е една целина во која вие сте еден дел, а сепак еднакви.
7. "You can't handle the truth." – Полковникот на САД Нејтан Р. Џезеф (Џек Николсон) од кој зависи американската демократија провоциран од прашања во судницата од некој кој никогаш не го видел фронтот.
Светот во кој живееме не секогаш има некаква смисла, луѓето се несреќни, знаат дека има нешто што не чини. Вие сте на прагот да ја откриете оваа вистина. Тоа е оној глас во вашата глава кој ви вели дека има надеж.
8. "Houston, we have a problem" – Астронаутот Џим Ловел (Том Хенкс) во Аполо 13. Чудно, но колку пати да ја изговориме фразава, никогаш нема да се потроши и ќе остане кул.
9. "What we do in life echoes in eternity" – Генерал Максимус (Расел Кроу) во Гладијатор.
Она што се смета во вашиот живот е како сте живееле. Она што ќе го направите и постигнете во животот ќе зборува за вас секогаш во иднината.
10. "I'll Be Back" – Терминатор (Арнолд Шварценегер).
Кога ќе се решите да заминете некаде на подолго време, чисто заради штос – оваа фраза е неизбежна. Или можеби "Hasta la vista, baby“!