Не ѝ се враќајте на жена што ве изневерила и уште 11 правила на успешните мажи
Слушајте, со главата климајте горе-долу во знак на одобрување и најважно од сè - гледајте го соговорникот во очи е едно од правилата што треба да ги следат успешните мажи.
Мажите кои сакаат да бидат успешни во животот, бизнисот или врските треба да се придржуваат до 12 едноставни правила и да ги применуваат постојано, во секоја ситуација.
Ова ќе го издвои успешниот маж од масата и од сите оние кои само се трудат да бидат успешни и поразлични од другите...
Кои се правилата што не треба никогаш да ги прекршите?
1. Никогаш не ѝ се враќајте на жена која ве изневерила.
2. Никогаш не се поздравувајте со некој додека седите - станете, па пружете ја раката.
3. Немојте да се оставите без денар во обид да ги импресионирате другите со трошење.
4. Никогаш не го земајте последниот залак од храната која не сте ја платиле.
5. Секогаш имајте амбиција да бидете подобар од она што сте.
6. Штитете ги оние што се зад вас, а почитувајте ги оние што се пред вас.
7. Не молете ниедна жена да биде во врска со вас.
8. Вежбајте барем 4 пати во неделата.
9. Ако не сте поканети некаде, не инсистирајте да отидете таму.
10. Облекувајте се убаво, без оглед на поводот.
11. Слушајте, со главата климајте горе-долу во знак на одобрување и најважно од сè - гледајте го соговорникот во очи.
12. Најдете неколку различни начини за да заработите пари.
А. Ј. | Црнобело