Што значи ангелскиот број 1111 - Ви се појавува ли во животот?
Дали и вие сте од оние луѓе кои бараат магија во секојдневието? Ако е така, тогаш верувате дека 1111 е ангелски број, кој означува поттик од универзумот.
Бројот 1111, некогаш беше само повторување на бројките на дигиталниот часовник, но сега сè повеќе се верува дека е ангелски број и дека носи духовно значење.
Се верува дека означува среќа, водство и нови почетоци.
И додека не постојат научни докази за ова, психолозите сметаат дека ова верување се поврзува со феноменот наречен апофенија, склоност на луѓето кон поврзување и барање шаблони во неповрзани работи.
Често се случува некој човек дури да си замисли желба кога часовникот ќе покаже 11:11. Познавате ли некој таков?
Повторувањето на бројките се гледа како порака од универзумот или ангелите чувари. Таков е случајот со бројките 111, 222, а особено 1111 (четири единици).
На бројот 1111 се гледа како на сигнал и охрабрување да се преземе акција, да се има верба или поттик да верувате во самите себе и да се стремите кон некоја повисока цел.
Бројот 1111 симболизира повик за будење.
Иако некои луѓе не веруваат во ангелски броеви, други, особено помладите, бараат духовна поврзаност и водство во нумерологијата.
„Има нешто навистина утешително и инспиративно кога ќе видите 1111“, вели нумерологот и автор Лаура Кеј.
„Често ова покажува кога луѓето се подготвени за животни промени и нови предизвици. Тоа е како некој тивок поттик од универзумот, кој ви вели дека сте на вистинскиот пат“, додава таа.
Инаку, ако верувате во нумерологијата, во случајов во ангелскиот број 1111, тогаш природно ќе почнете почесто да го забележувате на дигиталните часовници или телефонските екрани.
Корисниците на социјалните мрежи, како Инстаграм на пример, често со хаштазите #1111 и #AngelNumber споделуваат свои искуства со ангелскиот број.
Ова стана како модерен ритуал, луѓето бараат моменти на магија и поврзаност во секојдневието, а дали вие ќе верувате или не, останува на вас.
С. С. | Црнобело