Што открива обликот на телото за вашиот карактер?

Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добронамерни и подготвени секому да помогнат.

jabolka-krusha-pesochen-chasovnik-shto-oblikot-na-teloto-govori-za-vashiot-karakter-01.jpg

Обликот на вашето тело може да открие многу повеќе за вас и вашиот карактер отколку што можете да замислите.

Постојат неколку различни типови на конструкција, а според вашата дознајте нешто повеќе за вашиот карактер:

Облик на јаболко

Луѓето со тело во форма на јаболко чувствуваат посебна љубов кон животот.

Нивниот позитивен став е „заразен“ за сите што ги опкружуваат.

Друштвени се и весели, добри кон сите, а сакаат да даваат и примаат комплименти.

На својот љубовен партнер тие му се најдобар пријател и извор на грижа и поддршка.

jabolka-krusha-pesochen-chasovnik-shto-oblikot-na-teloto-govori-za-vashiot-karakter-006.jpg

Облик на песочен часовник

Жените со ваква форма на телото се женствени и добро знаат како да ги постигнат своите цели.

Знаат да бидат мистериозни, отворени, слатки, а понекогаш и сурови. 

На мажите им се исклучително привлечни.

jabolka-krusha-pesochen-chasovnik-shto-oblikot-na-teloto-govori-za-vashiot-karakter-005.jpg

Правоаголен облик

Овие жени се дружељубиви и лесно воспоставуваат контакт и наоѓаат заеднички јазик со другите луѓе.

Секогаш се главен шегаџија во друштвото и животот им е исполнет со смеа и забава.

Уживаат кога добиваат внимание од другите. 

Имаат изразена иронија во гласот и исклучителна смисла за хумор.

jabolka-krusha-pesochen-chasovnik-shto-oblikot-na-teloto-govori-za-vashiot-karakter-004.jpg

Облик на круша

Овој тип на фигура со широки колкови и тесни раменици е типичен за девојки со силна женска енергија. 

Во очите на другите, овие жени се шармантни, луѓето сакаат да се дружат и комуницираат со нив, а делуваат како доверлива личност. 

Сепак, тие се чувствителни, емпатични и подготвени да им помогнат на другите.

 jabolka-krusha-pesochen-chasovnik-shto-oblikot-na-teloto-govori-za-vashiot-karakter-003.jpg

Облик на превртен триаголник

Фигурата каде рамената се пошироки од колковите е типична за силни девојки со цврст карактер. 

Тие се лидери, судат со умот, а не со срцето, и секогаш си поставуваат јасни цели, кои упорно ги следат. 

Низ животот се стремат да станат лидери и да управуваат со голема фирма.

jabolka-krusha-pesochen-chasovnik-shto-oblikot-na-teloto-govori-za-vashiot-karakter-002.jpg

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg