Тајни за долг живот кои можеме да ги научиме од Јапонците

Просечниот животен век во Јапонија е околу 85,3 години. Истражувањата покажуваат дека Јапонците се нација која живее најдолго, и единствено може да се споредат со жителите на Монако.

tajni-za-dolg-zivot-koi-mozeme-da-gi-naucime-od-japoncite-01.jpg

Кои се навиките на Јапонците по кои тие се разликуваат, а кои би можеле да ги примениме за долг и здрав живот:

1. Традиционалната јапонска исхрана е здрава и урамнотежена.

Типичната јапонска диета е богата со житарки и зеленчук, не се јаде црвено месо како во Европа и САД. Црвеното месо има многу холестерол и го зголемува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Практикуваат оброци во мали чинии, а наместо кафе пијат зелен чај богат со антиоксиданси.

2. Поминуваат многу време со семејството – ручекот мора да биде во кругот на најблиските.

tajni-za-dolg-zivot-koi-mozeme-da-gi-naucime-od-japoncite-02.jpg

3. Икигаи: Причина за будење секој ден.

Икигаи значи „причина за постоење“ или смислата на животот. Јапонскиот психолог Мичико го опишува икигаи како посветување на работите во кои уживаме и ни даваат чувство на постинување и исполнетост.

4. Можеме да учиме за чистота и хигиена од Јапонија.

Учениците ги чистат своите училишта. Од мали се учат на совршени хигиенски навики. Се сметаат за најчиста нација на светот.

5. Јапонците го користат медотодот “hara hachi bu“ за да не се прејадуваат.

Ова значи да јадете додека не исполните околу 80% од потребата за јадење. Авторите на оваа теорија сугерираат дека со ограничување на калориите кои ги внесувате во организмот можеме да си го продолжиме животниот век.

6. Јапонците се постојано активни. 

Тие одат пешки многу и често. Пешачат, возат велосипед, не се возат со автомобили до работа. Со воз можете да стигнете секаде.

Прочитајте и: Не фрлаат храна, децата чистат во училиште – Навики на Јапонците кои треба да ги примениме и ние

Е. П. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...
Необични детали од секојдневието во Јапонија што ги бунат туристите Тоалети во лифтовите во случај некој да биде заглавен поради земјотрес, но и ваг...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg