Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали сте слушнале за икигаи, тајната на долг и среќен живот?

До сега веројатно сте слушнале за данскиот концепт на живот, „hygge“, а доколку топлите плетени ќебиња и колачиња не ви ги решиле проблемите, можеби ќе ја пронајдете тајната на среќата во јапонскиот термин „икигаи“?

Dali ste slusnale za ikigai tajnata na dolg i sreken zivot 01

Се работи за комбинација на јапонските зборови „ики“, што значи живот и „гаи“, што значи вредност. Икигаи, генерално, значи да се најде цел во животот.

Со оглед на тоа што Јапонија е позната по долговечноста на своите граѓани, просечната старост на жените е 87 години, а на мажите 81 година - икигаи, исто така, може да биде тајната на долговечноста.

Како да го пронајдете вашиот икигаи?

Икигаи честопати се поврзува со Вен дијаграм во кој се преклопуваат следниве елементи:

  • Што ви се допаѓа?
  • Во што сте добри?
  • Што му е потребно на светот?
  • Што може да ви се плати?

Резултатот што ќе го добиете на пресекот на овие четири прашања е икигаи.

Dali ste slusnale za ikigai tajnata na dolg i sreken zivot 02

Всушност, работата за која добивате плата не треба да има никаква врска со вашата цел на игигаи во животот. Во истражувањето на 2.000 јапонски мажи и жени само 31 процент изјавиле дека нивната работа е икигаи.

Исто како што можете да креирате список со четири елементи, како овој погоре, и да дознаете што е во срцето на сите нив, така можете да го пронајдете и вашето икигаи.

Луѓето треба да ја пополнат празнината помеѓу круговите што ја опфаќаат мотивацијата, исполнувањето, заработката и она што го прави нивниот живот поубав. Одговорот во центарот е клучот за среќен и долг живот.

Dali ste slusnale za ikigai tajnata na dolg i sreken zivot 03

Жителите на јапонското село Огими, кои имаат неверојатно долг животен век, се доказ дека икигаи функционира. Тие успеале да пронајдат среќата во едноставните работи и старите вредности.

Тие ја откриваат тајната... бидете во движење, бидете оптимисти и барајте што е можно повеќе позитивни работи. Целосно посветите се на дејноста што ја работите, одвоите време за себе и за вашето семејство и славите го животот, наоѓајќи го доброто во луѓето.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg