„Крунисана“, упорна, дива, но и осамена – значењето на името Стефанија
Женската форма од името Стефан има грчко потекло „Στέφανος“ (Стефанос), чиј превод симболизира круна, венец, крунисана. Најчестите варијации на името Стефанија се Стефанка, Стефани, Стефка, Стефи.
Во преносно значење името значи „оној кој е крунисан, кој е овенчан“. Стефанија најчесто им се дава на децата родени во јануари, околу празникот Свети Стефан, на 9-ти јануари, но името не е тесно поврзанo исклучиво со именденот. Прилично е популарно на балканските простори, особено во Македонија.
Атрибутите кои се поврзуваат со името Стефанија се: темпераментна, весела, внимателна, но и сериозна кога тоа се бара од неа. Сепак, по природа се диви и склони кон правење несолени шеги.
Стефанија е синоним за упорна, и покрај својата емоционалност и ранливост. Во потрага се по некој што ќе ги заштитува и сака по секоја цена. Честопати се чувствуваат осамено, токму затоа имаат широк круг на пријатели и посакуваат големо семејство.
Означете ја вашата сакана Стефанија и посакајте ѝ убав викенд.
(О)Милена | Црнобело