Предлог имиња за бебиња кои родителите долго чекале да ги добијат
Имиња кои во себе носат значење божји дар, имиња кои означуваат победа или радост, но и имиња кои симболизираат нов живот и раѓање по долга битка. Предлог имиња со моќна симболика за родителите кои долго го очекувале своето бебе.
Родителите кои долго време се бореле за потомство, често сакаат имињата на децата да имаат силно значење и да симболизираат божји дар, храброст или надеж и верба, која никогаш не ја изгубиле.
Доколку припаѓате во оваа група и уште немате омилено име за вашето бебе, ви предлагаме листа со имиња со силно и моќно значење.
Зависно полот на бебето, може да одберете име кое ќе ја симболизира вашата борба, но и успех, радост и бесконечна љубов кон вашето мало „чудо“.
Имиња кои во себе носат значење „божји дар“:
- Богдан
- Богдана
- Теодора
- Тодор
- Доротеа
- Maтеј
- Матеа
Имиња изведени од зборот љубов:
- Љубица
- Љубен
- Љубена
Имиња кои симболизираат надеж, верба и исполнување желба:
- Вера
- Нада
- Надја
- Надежда
Имиња кои се изведени од зборот радост:
- Радмила
- Рада
- Раде
Имиња кои во себе го носат значењето победа:
- Ника
- Николина
- Никола
- Виктор
- Викторија
Имиња кои означуваат живот, нов почеток, раѓање:
- Вита
- Вито
- Вида
- Анастасија
- Аурора
- Зора
- Зорана
- Каи
М. М. | Црнобело
Фото: генерирани со AI