Скапоцена, мила, со огромно срце – значење на името Драгана
Драгана е женската форма од името Драган. Името е со словенско потекло, а основното значење на името е – драга, мила, скапоцена. Претпоставката е дека имињата Драган и Драгана потекнуваат од словенечкиот збор „драги“ што воедно значи „оној што му е драг на Бога“.
Драгана е едно од најчестите имиња на балканските простори, а неговата популарност е особено присутна во текот на ’80-тите и ’90-тите години.
Кога луѓето ќе слушнат дека некој се вика Драгана, потајно си го врзуваат името со следните атрибути: модерна, внимателна, креативна, пријателски настроена.
Воедно се и неверојатно љубезни, чувствителни и грижливи не само кон најблиските и оние коишто ги познаваат, туку и кон непознати луѓе кои ги среќаваат за првпат во животот. Широкогради се, подготвени да дадат сè за среќата на другите. Имаат огромно срце и голема душа.
Означете ја вашата омилена Драгана во коментар.
(О)Милена | Црнобело