„Можеш да ја вратиш невестата меѓу живите, но само доколку не погледнеш назад“ - 5 најголеми љубовни приказни од античката митологија

Љубовните приказни нè тераат да сонуваме и да замислуваме големи работи, што е еден од најважните чекори кон исполнет живот. Сите добри љубовни приказни имаат свој почеток, дури и оние од митовите.

5-ljubovni-prikazni-od-antickata-mitologija-01.jpg

Никој не е имун на добра љубовна приказна. А најдобрите приказни се оние коишто се поголеми од животот и времето.

За среќа, во античката митологија не недостасуваат вакви приказни. Науката докажува дека луѓето кои сонуваат и замислуваат работи почесто, имаат способност да постигнат поголеми работи, бидејќи веќе ги замислиле можностите за нивно постигнување.

Митските љубовни приказни коишто ќе ги прочитате во продолжение се едни од најубавите приказни за раскажување и се надеваме дека истите ќе го разбудат и сонувачот во вас:

1. Орфеј и Евридика

Ова е една од најромантичните приказни од грчката митологија. Орфеј се заљубил во нимфата Евридика, но таа трагично умрела на денот на нивната венчавка бидејќи била касната од змија на којашто стапнала одејќи кон својот љубен.

Потоа Орфеј успеал да стигне до подземјето и со помош на својот талент за музика успеал да го убеди Ад да ја ослободи неговата љубена. Ад се сложил, но само доколку Орфеј ја одведе невестата во светот на живите, без да погледне наназад да провери дали таа го следи.

Орфеј речиси успеал да го изоди сиот пат, но пред крајот не можел да издржи и се свртел наназад да види дали Евридика го следи. Таа го следела, но во истиот момент кога тој се свртел била вратена во светот на мртвите. Тогаш Орфеј се заколнал дека никогаш повеќе нема да љуби.

5-ljubovni-prikazni-od-antickata-mitologija (1).jpg

2. Алкиона и Кеик

Тие биле познати кралица и крал од грчката митологија коишто толку многу се сакале што и боговите и смртниците им завидувале на љубовта. Сепак и двајцата толку се занеле и биле горделиви со ова, што почнале да се нарекуваат Хера и Зевс, кралицата и кралот на боговите. Кога за ова разбрале Хера и Зевс, решиле да ги казнат.

Еден ден, додека Кеик пловел назад кон жена му, Зевс пуштил молња и го потопил неговиот брод, убивајќи го кралот. Алкиона ден и ноќ чекала на брегот во надеж дека ќе се појави нејзиниот маж и ѝ се молела на Хера да ѝ го врати Кеик.

Хера се сожалила и го испратила телото на мртвиот Кеик да се појави на брегот, за да не мора Алкиона повеќе да го чека. Кога го видела Кеик мртов, Алкиона во напад на тага веднаш се удавила, но Зевс ги претворил двајцата во птици водомари, коишто ги несат јајцата покрај вода кога морето е мирно.

5-ljubovni-prikazni-od-antickata-mitologija (2).jpg

3. Торин и Келикаел

Торин, владетел од подземјето, одговорен за смртта и болестите, бил одговорен за незадоволствата на боговите и на смртниците. Како казна за тоа, Торин којшто најмногу сакал физички контакт, бил проколнат сè што ќе допре да се распадне и скапе.

Кога црвената кралица Келикаел избегала од неговото заробеништво, решила да го казни за сета смрт и болести што ги предизвикал.

Иако таа се обидела да го казни Торин и да го запре неговото уништување, сепак тој лукаво се спасил од нејзините замки и со судбоносен пресврт, црвената кралица сфатила дека Торин е можеби суден за неа.

5-ljubovni-prikazni-od-antickata-mitologija (4).jpg

4. Заал и Рудабе

Персиската легенда вели дека Заал бил протеран на врв на планина каде што и бил роден.

Како што растел му бил доделен и татко којшто го заштитувал додека траело неговото патување со цел да го најде вистинскиот татко. Додека траело ова патешествие, Заал се заљубил во приказната за убавица со име Рудабе, која имала темни кадрици коса коишто достигнувале до нејзините стапала и исто така многу долги трепки.

Кога конечно го нашол татка си, Заал бил разочаран од сознанието дека неговата фамилија била непријател со фамилијата на Рудабе.

Покрај сите препреки, Заал ја нашол Рудабе и се скрил под нејзиниот прозорец една вечер, а таа му дозволила да се качи кај неа по нејзините долги кадрици косата. Двајцата веднаш се заљубиле толку силно што нивните фамилии не можеле да се спротивстават на бракот и конечно се смириле. Кога Рудабе била во болки од пораѓањето со нивниот син, Заал го фрлил татка си во оган, за да ги заштити двајцата.

5-ljubovni-prikazni-od-antickata-mitologija (3).jpg

5. Чин-ну и краварот

Чин-ну е речиси божествена фигура од кинеската митологија, којашто е запаметена по тоа што ткаела наметки од вез и облаци. Затоа што била многу вредна, нејзиниот татко ја омажил за кравар, но таа толку многу се заљубила во него што заборавила на нејзиниот талент за ткаење на наметки.

Нејзиниот татко толку многу се налутил што двајцата ги избркал далеку во ѕвездите. Краварот бил протеран во ѕвездите на едниот крај од небото, а Чин-ну на другиот крај од небото.

Помеѓу нив ја поставил и небесната река, која ние ја знаеме како Млечниот Пат. Двајцата можат да се видат само еднаш во годината, кога ѕвездите ќе се подредат.

5-ljubovni-prikazni-od-antickata-mitologija (5).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg