Познати жени кои не се откажале од своите цели и станале успешни подоцна во животот

Знаевте ли дека повеќето луѓе, после некое време целосно се откажуваат од нивните цели? Особено кога станува збор за работното место од соништата.

poznati-zheni-koi-ne-se-otkazhale-od-svoite-sonishta-i-stanale-uspeshni-podocna-vo-zhivotot-01.jpg

Наводно, луѓето „креваат раце“ околу 30-тата година од животот, мислејќи дека е премногу доцна да почнат да се движат кон нивната цел.

Но, факт е дека голем број луѓе успеале многу подоцна во животот и ги оствариле своите соништа на 40, па дури и 50 години.

Ако сметате дека сте „заглавиле“ и дека за вас нема надеж, нека ве инспирираат овие жени, кои станале успешни многу подоцна во животот:

Лизо

Кога Лизо имала 21 година, таа се обидувала да се пробие во музичката индустрија. Тој период починал татко ѝ, а по неговата смрт, Лизо цела година живеела во нејзиниот автомобил.

Дури на 28-годишна возраст, нејзиниот сингл „Coconut Oil“ почнува да привлекува внимание, а кариерата на Лизо да се движи во нагорна линија. На последното доделување на Греми наградите, пејачката си доби три статуетки.

poznati-zheni-koi-ne-se-otkazhale-od-svoite-sonishta-i-stanale-uspeshni-podocna-vo-zhivotot-02.jpg

Виола Дејвис

Во 30-тите, Виола добивала само мали улоги, а за некои воопшто не добила ни признание.

Нејзиниот талент беше забележан кога актерката наполни 44 години и си доби номинација за Оскар и Златен глобус за улогата во филмот „Doubt“.

Во 40-тите и 50-тите, таа се закити со многу награди.

poznati-zheni-koi-ne-se-otkazhale-od-svoite-sonishta-i-stanale-uspeshni-podocna-vo-zhivotot-03.jpg

Бети Вајт

Телевизиската кариера на Бети започнала уште кога актерката била во средно. Но, поради војната, некој период морала да се откаже од нејзините соништа.

Кога ситуацијата се смирила, Бети се обидувала да најде работа, но секогаш ја одбивале бидејќи не била фотогенична.

Но, ова не ја спречило, па до 29-годишна возраст, Бети ќе добила номинација за Еми награда.

Денес, на 98 години, таа може да се пофали со неколку награди, но и ѕвезда на Холивудскиот Булевар на славните.

poznati-zheni-koi-ne-se-otkazhale-od-svoite-sonishta-i-stanale-uspeshni-podocna-vo-zhivotot-04.jpg

Ана Винтур

На 26-години, Ана работела како моден уредник за Harper’s Bazaar. Но, по само 9 месеци добила отказ.

Дури на 39 години таа станува главен уредник на Vogue US, а денес можеме да кажеме дека е една од највлијателните личности во светот на модата.

poznati-zheni-koi-ne-se-otkazhale-od-svoite-sonishta-i-stanale-uspeshni-podocna-vo-zhivotot-05.jpg

Џесика Честејн

Џесика доцна дипломирала на престижниот Џулијард каде што изучувала глума. Имала 26 години и дури тогаш ја почнала актерската кариера. Но, на почетокот добивала само мали улоги и ѝ биле потребни уште 4 години за да го добие признанието како актерка.

Од 34-годишна возраст, па до денес, таа е една од најбараните холивудски актерки.

poznati-zheni-koi-ne-se-otkazhale-od-svoite-sonishta-i-stanale-uspeshni-podocna-vo-zhivotot-06.jpg

Вивиен Вествуд

До својата 30-та година, познатата дизајнерка работела како наставничка.

Таа успеа да го направи панк стилот „мејнстрим“, откако панк бендовите почнаа да ги носат нејзините креации. Првата модна ревија ја организирала кога имала 40 години, а ревијата била наречена Pirate Collection.

poznati-zheni-koi-ne-se-otkazhale-od-svoite-sonishta-i-stanale-uspeshni-podocna-vo-zhivotot-07.jpg

Али Вонг

Кога првпат дошла во Њујорк, Али живеела само од леќа и ориз и се обидувала да стане стенд-ап комичар. Тој период, кога имала 23 години, одржувала и по 9 шоуа во една вечер.

Кога наполнила 29 години, Али била наречена една од најдобрите стенд-ап комичари, а ова ѝ помогнало да се појави во неколку телевизиски шоуа. Дури потоа станала актерка.

poznati-zheni-koi-ne-se-otkazhale-od-svoite-sonishta-i-stanale-uspeshni-podocna-vo-zhivotot-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg